Правни информации за корисникот и посетителот на страната
Освен ако не е поинаку назначено, oвој веб-сајт и неговата содржина, вклучително и целокупниот текст, HTML, скрипти и слики се сопственост на УКИОН. Сите права задржани. Секоја репликација, модификација, имитација или копирање на целокупната или на дел од оваа страна без претходна изречна потврда и дозвола на УКИОН строго се забранува. Ова правна порака се однесува за сите посетители, клиенти, не-клиенти, партнери и препродавачи на УКИОН сервисите и услугите. Со пристапување на овој веб-сајт, вие се согласувате со следниве термини и услови. Ако не се согласуваатe со ова, нематe право, ниту лиценца за пристап до овој веб-сајт. Информациите кои се прикажани на веб-сајтот може да се користат само интерно (од вас или на било која трета страна на кого ги дистрибуирате) само за информативни некомерцијални цели. Доколку на овој веб-сајт е наведено лого или се користени производи и услуги од други трговски марки, истите се во сопственост на нивните ценети сопственици.
Производи и услуги на трети лица
УКИОН сајтот може да содржи или нуди линкови до веб-страниците на трети лица кои не се под контрола на УКИОН. Пристапот до веб-страница на трето лице, е на ваш сопствен ризик. УКИОН не е одговорен за веродостојноста на податоците, мислења, совети или изјави дадени на сајтови од трети лица. Вклучувањето на таквите линкови на овој сајт има само информативен карактер и не ја превзема одговорноста за содржината на таквите страници.
Полиса (Политика) за Прифатливо Користење
Со самиот пристап на интернет страницата на УКИОН ДООЕЛ и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.
За да можете да ги користите производите и услугите на УКИОН, мора да ги почитувате одредбите на Полисата за Прифатливо Користење (ППК) во секој даден момент.
УКИОН ДООЕЛ ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
Ве молиме забележете дека во оваа ППК, “ние” “наше” “наша” значи УКИОН ДООЕЛ, регистрирана компанија во Македонија со седиште во Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 6А, со регистарски број: 6475191, а “вие ” “ваше”, ве означува Вас, корисникот односно клиентот.
1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ
УКИОН ДООЕЛ ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. УКИОН ДООЕЛ не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.
2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
УКИОН ДООЕЛ ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. УКИОН ДООЕЛ за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.
3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ И ИСПОРАКА
Производите и Услугите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата www.ukion.mk
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка (Visa / Visa Electron, MasterCard, Maestro) и плаќања преку трансакциона сметка (фактура за правни и физички лица).
Доколку се работи за нарачан физички производ по електронски пат, тогаш испораката ќе се изврши преку Македонска Пошта АД Скопје, Глобко Логистик Скопје или Карго Експрес на адресата која е наведена во порачката. Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.
За сите дополнителни прашања во врска со начинот на плаќање и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.
4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
УКИОН ДООЕЛ не врши поврат на средствата на купувачот, секоја продажба е финална.
--Генерални информации
Оваа ППК се однесува за секој производ и услуга на УКИОН и е поврзана со вашето користење на истите тие производи и услуги. За некои производи и услуги постојат посебни одредби кои треба да ги почитувате за време на нивното користење. Додатокот А, Б и В на овој документ ви даваат дополнителни насоки зa примената на оваа ППК во однос на одредени услуги или производи.
Ваша одговорност е да ги почитувате сите применливи одредби на оваа ППК. Доколку имате дополнителни коментари или прашања, или постои одредба која не ја разбирате, ве молиме пратете е-маил за било кое прашање на адресата: abuse@ukion.mk
- Не смеете да ги користите производите или услугите на УКИОН поради било каква противзаконита причина.
- Вашето користење (traffic) на интернетот може да им попречи на другите мрежи, или да користи – вклучува услуги кои не се во сопственост на УКИОН, или со кои УКИОН не работи. Вие мора да се придржувате на Полисaтa за Прифатливо Користење, а воедно и на другите одредби или услови кои се наметнати од операторот на тие мрежи или услуги.
- УКИОН може, по сопствена волја, да користи мануелни или автоматизирани системи за да ја одреди вашата сообразност со ова ППК на пр. Да скенира отворен е-маил релеј(пренасочувач) или засилувач (smurf amplifier).
- Од вас се бара да ги прифаќате мејловите адресирани на "postmaster" на вашата домен адреса. На пример, ако имате домен “example.com", тогаш од вас се очекува неселективно да ги прифатите и прочитате мејловите адресирани на: postmaster@example.com. УКИОН може да дејствува на основа на оваа претпоставка.
- Вашето користење на интернетот мора да соодејствува со општо прифатените стандарди на заедницата.
Невозможно е да се дефинира што точно значи “прифатливо користење”, “неприфатливо користење” или „злоупотреба“ на интернетoт. Овие одредби зависат од многу неформални спогодби што произлегле помеѓу администраторите, сопствениците и операторите на компјутерски мрежи што се составен дел на интернетот, а УКИОН е само еден од многуте корисници.
Меѓутоа, односот на УКИОН со другите мрежи, а ултимативно и неговата поврзаност со останатиот интернет свет, зависи во најголем дел од правилното однесување на неговите корисници. УКИОН не може и нема да толерира било какво однесување што негативно ќе влијае на неговата мрежа или опрема, или однесување што има негативно влијание на другите интернет корисници, или што би му штетело на статусот на УКИОН во пошироката Интернет заедница.
Поради тоа, многу е важно, во моментот кога ќе се случи активност која е квалификувана како “злоупотреба”, УКИОН да превземе соодветни мерки - кои, доколку не ги спровел, а воедно таквата злоупотреба продолжи, УКИОН би ја изгубил довербата на пошироката Интернет заедница, а тоа негативно ќе влијае на останатите клиенти на УКИОН во слободното користење на интернет услугите.
Оваа ППК и нејзините дневни апликации се резултат на сообразувањето на УКИОН со формалните и неформалните практики на Интернет заедницата. Додатоците на оваа ППК служат да ги појаснат проблемите што можат да настанат, а кои УКИОН ќе ги квалификува како непримерно однесување - “злоупотреба” што не е во сообразност со стандардите на заедницата.
Ние имаме право да ги истражиме “наводните” прекршоци на оваа ППК или постапките за кои се сомневаме дека се штетни, а за време на процесот ќе настојуваме да делуваме разумно и фер во секоја од тие постапки и процедури. Ако сметаме дека сте ја прекршиле ППК или Условите на Користење или Одредбите и Условите што се однесуваат на користењето на услугите, го задржуваме правото да делуваме по сопствена волја со такви мерки за кои сметаме дека се соодветни и пропорционални на прекршоците на одредбите. Овие мерки можат да вклучат формална опомена, суспендирање или поништување на една или повеќе ваши кориснички акаунти, притоа наплатувајќи ви дополнителна сума како надомест на штета која ќе ги покрие реалните трошоци за истражувањето и справувањето со злоупотребата; и/или блокирање на пристапот до релевантните компоненти на нашите услуги кон вас. Доколку го суспендираме вашиот пристап, тогаш тоа исклучување може да се одстрани по сопствена волја на УКИОН во моментот кога причината за исклучувањето е одстранета, по што следи формална писмена согласност од ваша страна, дека нема да направите било каква “злоупотреба” во иднина. Меѓутоа, треба да се напомени дека сите случаи ќе се разгледуваат и за нив ќе се решава индивидуално според нивната тежина.
При истрагата, без никакво ограничување, вие недвосмислено не овластувате да ги користиме вашите лични и акаунт податоци или информации во релација со таков вид на истражување, вклучувајќи и изложување на истите податоци на трето лице за кое ќе сметаме дека има легитимен интерес за таквото истражување или исходот од тоа истражување. Вие имате право на жалба според однапред дефинирана процедура за справување со вашите жалби, а кои се однесуваат на содржините зачувани и/или кон кои се пристапува преку нашите услуги. Ако поднесувате жалба, ве молиме погрижете се истата да ја испратите на адресата: abuse@ukion.mk. Доколу не ја користите оваа е-маил адреса, не можеме да гарантираме брз одговор на вашата жалба.
Некои од клаузулите на Додатоците наведени подолу се однесуваат и на надворешни веб-страни. УКИОН не одговора за содржината на овие веб-страни. Ако ви требаат дополнителни информации во врска со оваа ППК, ве молиме пратете е-маил на следнава адреса: abuse@ukion.mk
Додаток А: Генерален Интернет Пристап
- Противзаконито е некои содржини да се поседуваат или пренесуваат. Вие, истотака, треба да знаете дека неовластениот пристап на компјутерските системи може да значи прекршок. Иако многу системи се поврзани со генерален интернет пристап, тоа не значи дека вие може да имате пристап до било кој компјутерски систем на кој наидувате.
- Додека сте конектирани на Интернет, вашиот систем мора да биде во сообразност на сите релевантни IETF( Internet Engineering Task Force) стандарди.
- IETF стандардите се подгрупа на RFC (Request for Comment) колекцијата и истата може да ја најдете на www.rfc-editor.org - на англиски јазик.
- Не е дозволено испраќање на информациски пакети на интернет кои имаат фабрикувани (фалсификувани) адреси или кои намерно се конструирани негативно да делуваат на далечински (remote) системи.
- Не смеете да користите софтвер за “скенирање” кој има пристап до далечиниски системи или мрежи, освен кога имате експлицитна дозвола од операторите на тие далечински системи или мрежи.
- Вие мора да се осигурате дека не го поткрепувате праќањето на непосакувани мејлови во поголема количина (bulk email) или некоја друга форма на непосакувани мејлови или Usenet “злоупотреба“. Ова се однесува и на содржините кои произлегуваат од вашиот систем, и на содржините од трети лица кои можат да поминат - трансферираат преку вашиот систем.
- Вашиот систем или мрежа не треба да бидат конфигурирани на начин кој им дозволува на другите да го искористуваат или попречат интернетот. Ова вклучува, но не е ограничено на уверувањето дека вашата мрежа не може да биде искористена како "smurf amplifier" - засилувач.
- Не треба да стартувате отворен е-маил релеј (пренасочувач) "open mail relay", односно систем, кој прима мејлови од неовластени или непознати испраќачи, и истите ги препратува на дестинација која е надвор од вашиот систем или мрежа. Ако вашиот систем извршува пренасочување на авторизиран е-маил, тогаш овој премин на е-маилот треба да се зачува и да завршува со соодветна: "Received:" (примено) фраза.
- Како исклучок за забрана за пренасочување, може да користите “анонимна” услуга за пренасочување под услов вие да го надгледувате процесот на пренасочување на таков начин што ќе оневозможите неовластено или преобилно користење. Меѓутоа, вие не смеете да го извршувате тоа пренасочување преку серверите на УКИОН, односно, можете единствено да испратите е-маил од таков систем до УКИОН, каде тоа би била крајната дестинацијата на испораката, а не дестинација за посредување на испораката на тој е-маил.
Додаток Б: Е-маил
Постојат многу форми на злоупотреба на мејлови. Овој додаток зборува за почестите форми на злоупотреба на неформален начин, меѓутоа во никој случај не претставува детална и експлицитна листа. Обично за “злоупотреба” се смета злоупотреба на интернет договори и институции, а не “вулгарна злоупотреба” испратена преку интернет. За да се квалификува како “злоупотреба” , активноста мора значително да попречува користење на мрежа од страна на индивидуа или група на индивидуи, на некој специфичен начин, на пример преку искористување на ресурсите или трошењето на корисничкото време на другите учесници. Терминот “злоупотреба” истотака вклучува и активности кои се противзаконити или нечесни.
Ако ги оставиме општите правила на страна, поради практичните проблеми што ги предизвикуваат “спам” мејловите, УКИОН има одговорност да разјасни дека “спам” односно, обилното испраќање на непосакувани мејлови во поголема количина од било каков вид, го смета за неприфатливо однесување. УКИОН секогаш ќе делува во истиот момент кога ќе забележи такво однесување или кога таквото однесување ќе биде пријавено од страна на трето лице. Едукативно, иницијалното предупредување во форма на е-маил, се смета за најсоодветен одговор за првиот престап на корисникот, бидејќи корисниците најчесто не се запознаени со модерните стандарди кои постојат. Мегутоа, според нашата полиса, доколку корисникот продолжи да испраќа "спам" - обилни непосакувани мејлови, УКИОН ќе го поништи договорот и ќе го блокира корисникот без никакво дополнително образложение.
Верижни писма, “заработи пари на брз начин” и други
Понзи-пирамидални измами – начини на илегално маркетирање
Овие писма се слични на испечатената верзија, каде го додавате вашето име на крајот на листата и истата пораката ја препраќате до сите ваши пријатели. На лицето на чело на листата обично му се праќа мала парична сума и истото се надева дека за брзо ќе стекне определено богатство. Проста математика покажува зошто овие пирамиди не се теоретски возможни, а ако се осврнеме на природата на човекот тогаш се докажува зошто ова не може да се изведе и во пракса. Овие измами, дури и кога не нудат никаква финасиска или материјална награда се сметаат за неприфатлива злоупотреба. Тие трошат ресурси на Интернет сервисот, провајдерите и корисниците кои ги симнуваат истите писма. Иако не вклучуваат пари, тие се сметаат за нелегални во многу земји и во Македонија, и покрај тоа што истите во испратениот текст го тврдат стротивното.
Непосакувани Комерцијани Мејлови - Unsolicited Commercial Email (UCE)
Непосакуваните Комерцијани Мејлови претставуваат рекламен материјал пратен или примен преку мејл без примачот претпходно да барал таква информација, или на било кој начин изразил интерес за содржината на материјалот кој се рекламира. Бидејќи многу интернет корисници плаќаат за нивниот интернет трансфер на податоци и за потрошеното време, тоа преставува непотребен трошок за истите тие лица кога примаат такви мејлови. Примањето на Непосакувани комерцијални рекламни материјали според ова нив ги чини пари, и поради тоа истите често се сметаат за посебно недобредојдени. Треба да се забележи дека корисникот не изразува интерес за производ или услуга со едноставно постирање на некоја вест во одреден форум или блог, или со посета на определена на веб-страница, освен во случај ако корисникот не направил посебно барање таквите информации да им се достават на е-маил како на пример, барање за каталог по е-маил.
Непосакуван Мејл во Големи Количини - Unsolicited Bulk e-mail (UBE)
UBE е слично со горенаведеното UCE, но во овој случај UBE не се труди ништо да продаде. UBE користи фабрикација или фалсификуван хедер (e-mail header - податоци по кои се верифицира е-маилот) или фабрикувана или фалсификувана порака и притоа се испраќаат мејлови каде нивното потекло изгледа дека е од друг корисник или систем, или во некои случаи од непостоечки систем. Истотака, фабрикувањето значи препратување на повратните одговори на веќе пратените мејлови до некои други корисници или системи. Меѓутоа, во секој случај, доколку од страна на друг корисник или администратор на друг систем ви е делегирана соодветна дозвола за испраќање на мејлови, тогаш истите не представуваат проблем додека се користат "null" повратни патишта дефинирани во релевантните е-маил стандарди.
Бомбардирање со мејлови
Бомбардирање со мејлови се дефинира како праќање на многубројни мејлови, или еден обемен мејл, со единствена намера - вознемирување и/или барање освета против некој друг Интернет корисник. Ова го уништува заедничкиот интернет ресурс, а воедно и нема никаква вредност за примачот на мејлот. Бидејќи е потребно време мејлот да се симне, праќањето големи мејлови без претходен договор може да доведе до одбивање на услугата (неможност да се прими истиот), или недозволен пристап до маилот од страна на примачот. Ве молиме забележете дека додавањето на бинарни прикачувања (attachments) на мејловите може значително да го зголемат обемот на мејлот. Ако претходно не е направен соодветен договор за испраќање, ваквите мелјови воопшто не се посакувани.
Напади: Спречување на користење Услуги
Спречување на користење на услуги се дефинира како било која активност која е креирана да спречи одреден домаќин (хост) на Интернетот да направи целосно и ефективно користење на неговите ресурсни можности. Ова вклучува, но не е ограничено на:
- Бомбардирање со мејлови на адреса на таков начин што го прави пристапот на интернетот невозможен, тежок или прескап.
- Отворање на голем број на мејл конекции на товар на истиот домаќин (хост).
- Намерно праќање на мејлови креирани да му наштетат на системот на примачот кога истите мејлови ќе се отворат. На пример, праќање малициозни (malicious) програми или вируси прикачени на мелјот, фалсификувано потпишување на smarthost или мејл пренасочување (relay) без претходно овластување да се направи тоа.
Претплатнички Мејлинг Листи
Мејлинг листи преставуваат шеми за дистрибуирање на копии на истиот мејл на повеќе различни луѓе. Во секој случај, не е прифатливо да претплатувате или запишувате (subscribe) било кого надвор од вашата корисничка база, на било која ваша мејлинг листа или слични услуги, освен ако претходно за тоа не е дадена експлицитна дозвола. Сопствениците на листите треба да ги потврдат сите барања за претплатување, преку соодветна конфирмација од страна на претплатникот за прифаќање на такви мејлови. На пример, checkbox на вашата страна за добивање на newsletter. Исто така, мора да ги почитувате желбите на корисниците доколку сакаат да се отпишат (unsubscribe) од вашата маилинг листа. Постојат одлични интернет апликации кои ќе ги автоматизираат и двата процесa (subscribe and unsubscribe). Не е прифатливо да претплатувате луѓе единствено поради тоа што ја посетиле вашата веб страна или користеле некои од вашите производи или услуги; личноста мора да направи експлицитно барање да биде ставена на листата. Голем број жалби за непосакувани мејлови произлегуваат од луѓе кои не биле свесни или заборавиле дека се претплатиле на некоја мејлинг листа. Доколку користите мејлинг листи ви се препорачува да чувате копии од административните барања (web-logs или потврдни мејлови вклучувајќи го и heder-от) со што може да потврдите дека барањата за претплатувања биле валидни.
Нелeгална Содржина
Секоја информација или содржина што е со закон забранета да се поседува, користи, пренесува или дистрибуира преку средствата за комуникација, не смее да се пренесува ни преку е-маил.
Прекршување на Авторските Права или Интелектуална Сопственост
Доколку преку е-маил испраќате информација или содржина која подлежи на авторски права или друг вид на интелектуална сопственост, мора да имате согласност од сопственикот на авторските права или на интелектуалната сопственост.
Политика на приватност
УКИОН ја почитува вашата приватност и таа е приоритет при посета на нашата веб страна. При посетата на нашата интернет страна, УКИОН ја зачувува вашата IP адреса (уникатна интернет адреса), времето и времетраењето на посетата. Покрај тоа, ние ги прибираме само доброволно внесените (оставени по желба на посетителот) персонални информации, како на пример: пополнување на контакт и други формулари и/или регистрација на нашата веб страна при купување на услугите. Овие информации се користат за верификација на корисниците при продажба и користење на услугите и/или за подобрување на содржината на нашиот веб-сајт и не се дистрибуираат на други лица за комерцијални цели. Секој корисник кој разменува персонални податоци со нашата интернет страна и кој доставува: име, презиме, адреса, телефонски број, домен име или URL, лого или други персонални податоци и информации за идентификација, дозволува УКИОН да ги користи истите за комерцијални цели во интерес на УКИОН, вклучувајќи и контакт на корисниците за дополнителни промоции, производи и услуги на УКИОН. Доколку корисникот не сака да прима понатамошни комерцијални информации од страна на УКИОН треба да испрати барање на: privacy@ukion.mk. Регистрираните клиенти - кои ги користат услугите на УКИОН, се согласуваат да ги следат известувањата испратени во контекст на услугите на УКИОН (фактури, соопштенија, сервисни пораки, проблеми, формални предупредувања и друга форма на контакти кои произлегуваат од правата и обврските за користење на услугите на УКИОН).
Додаток B: Веб-страни на Клиентите
Овој додаток се однесува на сите услуги кои ги обезбедува УКИОН. Вие сте одговорни за содржината на вашата веб-страна и мора да се осигурате дека ниеден применлив закон не е прекршен. Мора да ја добиете секоја потребна легална дозвола за сите елементи кои ќе ги вклучува вашата веб-страна. Вие ќе бидете одговорни, а воедно и ќе прифатите одговорност за секоја клевета, тајна или доверлива информација или друг лиценциран материјал кој е прикажан на вашата веб-страна. УКИОН го задржува правото да одстрани било каква содржина од веб-страната по сопствена волја, без претходна најава и објаснување. Веб-страната не смее да се користи за понуда, рекламирање или дистрибуирање на следниот вид содржини:
- Софтвер за праќање на спам мејлови (непосакувани мејлови во големи количини- bulk emails, прекумерни вести и сл.);
- Нелегална содржина;
- Листа на е-мејл адреси, освен кога сопствениците на адресите претходно дале експлицитна дозвола;
- ило каква колекција на лични податоци различна од таа што е во согласност со Европските закони за заштита на личните податоци Data Protection Directive 95/46/EC.
Морате да ги почитувате одредбите на позитивните Европски закони за Заштита на лични податоци Data Protection Directive 95/46/EC, кои се поврзани со примените информации, сочувани или пренесени преку користење на вашата веб-страна. Ако вашата веб-страна содржи материјали кои можат да направат генерален прекршок, тогаш потребно е да прикажете јасно-читлива предупредувачка страна пред пристапот до таа содржина. За да се избегне двоумење, ова конкретно значи дека вашата top-level веб-страна (обично index.htm; index.html или index.php) не смее има содржина за возрасни или друга содржина што генерално може да предизвика навреда или омраза.
На местото каде дел од веб-страната формира независен дел што не е поврзан со главната почетна страна, истата ќе се смета како посебна страна со посебни права, кога ќе се земe во предвид постоењето на соодветно предупредување пред прикажувањето на страната. Предупредувања исто така се потребни на места каде содржината е референцирана директно од веб-страната, без посредувачки страни, или каде употребата на frame-ови овозможува содржината да изгледа како дел од веб-страната. Сите страници на веб-сајтот се сметаат за јавни и можат да бидат прегледани или симнати од било кое лице, безразлика дали се поврзани со некоја централна содржина или со главната страна. Некои страни користат специфични механизми за превентива на неовластен пристап. Страни кои се заштитени на овој начин нема да се сметаат за јавни.
Вашите веб-сајтови може да не бидат рекламирани од вас, или од друго лице, со користње техники кои можат да бидат класифицирани како “злоупотреба”, кои ако се изнесат надвор од УКИОН акаунот, вклучувајќи, но не ограничено на масовно праќање непосакувани мејлови во големи количини или преобилно постирање на вести, ќе бидат третирани според ППК на УКИОН, како да биле направени од акаунтот на УКИОН. За да се избегнат овие појави, Веб-сајтовите мора да изложуваат валидни и ажурирани контакт е-маил адреси од лицето/а одговорни за сајтот. Употребата на генерични адреси како “webmaster” е прифатлива за оваа цел. Притоа адресата мора да биде прикажана на top-level страната или да може лесно да се лоцира од таа страна.
вер.0.4 Ревизија: 22 Декември 2014
Хостинг Услови за Користење
Сите корисници се обврзани со овие услови за користење.
- Сите парични надоместоци за сетирање и поставување на услугите се неповратни.
- Сите парични надоместоци за обезбедените услуги се плаќаат однапред во зависност од наведениот циклус на наплата (месечно, квартално, годишно..). Ако притоа истите не се подмират однапред, тоа може да резултира со раскинување или суспендирање на услугите без претходна најава.
- Ако го откажете користењето на услугите по гарантниот период од 30 дена, нема да има рефундација на средствата за неискористениот период во циклусот на наплата (месечно, квартално, годишно..). Ако ги откажете услугите, но не успеете да ги пренесете вашите сајт(ови) на друг провајдер, и продолжите да ја користите нашата хостинг мрежа, вас ќе ви се наплаќа се додека не престанете да ги користите нашите услуги. Ако сакате користењето на услугите да прекине веднаш, вие мора да поднесете барање за таков прекин на billing@ukion.mk или на тел. +389 (0)70 787 850 каде ќе ви биде доделено формално барање за прекин на услуги.
- 30 дневна Гаранција за Враќање Пари - ние нудиме ограничена Гаранција за Враќање Пари на сите нови клиенти. Ако ние не успееме да обезбедиме 99,9% достапност на серверите и мрежата за време на првите 30 дена од активацијата на новиот акаунт, клиентот има право да бара рефундација на средствата со барање испратено до одделот за наплата (billing) или испраќање е-маил на: billing@ukion.mk, а ние ќе ви ја вратиме целокупната однапред уплатена сума за соодветниот платежен циклус (месечен, квартален (3 месеци), годишен (12 месеци)..). Месец се дефинира како период од 30 дена. Притоа ќе се користи истиот платежен метод со кој е извршена уплатата на средствата и клиентот ги сноси сите банкарски трансакциски трошоци при враќање на парите. Корисничките акаунти исклучени или суспендирани од страна на УКИОН поради непочитување на ППК и Правилата на Користење не подлежат под оваа 30 дневна гаранција за враќање на парите. На пример, доколку корисничкиот акаунт е исклучен поради СПАМ, нема да има рефундација на уплатените средства. Рефундацијата не вклучува, a доколку ги има - веќе платени надоместоци за сетирање и поставување на услугите; надоместоци за инсталација и сетирање на скрипти; надоместоци за закупување на домени (domain name); надоместоци за поддршка по час кои вие сте ни ги платиле. Исто така рефундацијата не ги вклучува клиентите кои го обновиле договорот по завршување на првиот платежен циклус. Во било кои други случаи, парите кои ни се платени се финални и неповратни. Ве молиме забележете дека за враќање на средствата ќе бидат потребни 4 (четири) до 6 (шест) работни недели.
- Употребата на некои податоци или содржини, кои клиентот ги добива од услугите кои ги обезбедува УКИОН, е на сопствен и единствен ризик на клиентот. УКИОН се одрекува и откажува од одговорноста за целосноста, точноста или квалитетот на било која или сите податоци кои се добиени преку нашите услуги.
- УКИОН ќе се труди во целост да одржи прифатливо услужување на клиентите, но УКИОН притоа не дава никаква гаранција, експлицитна (прецизно наведена) или имплицитна (која се подразбира), вклучувајќи ја и гаранцијата при продажба или прилагодување за одредена намена. УКИОН не може да гарантира континуирана услуга, услуга во било кој момент, или да гарантира интегритет на податоците кои се зачувани или пренесени преку нашиот систем или преку интернет. УКИОН не подлежи на одговорност за небрежно изнесување или корупција или бришење на податоците кои се пренесени, примени или зачувани во нашиот систем. УКИОН нема да подлежи на одговорност на клиентот или на неговите клиенти, за било какви барања или штета на клиентот или неговите клиенти, вклучувајќи, но не ограничено на загуби или штети од било која природа, која резултирала од загуба на податоци, неможност за пристап на интернет, или неможност за пренос или прием на информации, причинета од, или која резултира од одложувања, неиспорачувања или прекини на услугите.
- Клиентот се сложува дека ќе ги брани, обесштети, чува или смета за неоправдани сите барања, обврзувања, загуби, трошоци, жалби, вклучувајќи и адвокатски надоместоци против УКИОН, неговите агенти, клиенти, службеници, вработени, а кои можат да произлезат од обезбедените услуги, изведени или договорени да се обезбедат, или произлегуваат од било кој производ продаден од клиентот, неговите агенти, вработени или назначени. Клиентот се сложува да го брани, обесштети или смета за неоправдани Обрзувањата против УКИОН, кои произлегле од повреда на лице или имот предизвикана од производ (или услуга) кој е продаден или дистрибуиран а поврзан со услугите на УКИОН; и содржина пренесена на клиентот која прави, или наводно прави прекршок на сопственичките права на трето лице; кршење на авторските права и дефектен производ што клиентот го продал преку услугите на УКИОН. Како резултат на ова, клиентот се сложува дека УКИОН нема да подлежи на одговорност за било кои тврдења или жалби за стварни, компензациски и/или последични штети кои ги претпел клиентот, вклучувајќи, но не и ограничено на загуби или штети поради загуба на податоци, неиспорачаност, или прекин на услугата, освен ако истите штети не се предизвикани од небрежност на УКИОН. И покрај горенаведеново, еклузивните правни лекови на клиентот, штетите, загубите или причините за делувања, нема да ја надминат акумулираната сума која клиентот ја платил за време на траењето на овој Договор.
- Овој дел ја дефинира мрежната достапност или достапноста на хост серверите - Договор за Ниво на Испорачана Услуга (SLA - Service Level Agreement). За клиенти во добри финансиски односи со УКИОН, ние гарантираме достапност на мрежата од 99,9% и достапност на хост серверите од 99,9% за тековниот месец од платежниот циклус, исклучувајќи го претходно закажаното сервисно одржување. Мрежата е дефинирана како централна мрежна инфраструктура, исклучувајќи го хардверот, услугите или софтверот. Серверот се дефинира како хост хардвер кој ги сместува сите акаунти. За пад или недостапност на системот се смета моментот кога клиентот го известил тимот за поддршка на УКИОН за пад или недостапност на услугата се до моментот на одговор на мрежата или серверот на надворешното “пинг” барање (ping request). Нотификацијата за пад или недостапност на мрежата мора да се случи за време на недостапноста, а не по нејзино случување. Во случај да нема достапност на веб-сајтот на начин дефиниран подолу, ние ќе ви го кредитираме надоместокот за тековниот месец за услугите пресметан според начинот изнесен подолу, и мерен 24 часа дневно во еден календарски месец, а максималното кредитирање нема да го надмине месечниот надомест за услугите за месецот за кој станува збор.
95% до 99% = 25%
90% до 94.9% = 50%
89.9% и надолу = 100%
Кредитирањето нема да биде обезбедено доколку падот или недостапноста на мрежата или серверите се случува како резултат на: а) закажаното сервисно одржување б) околности кои не се под контрола на УКИОН, вклучувајќи, но не и ограничено на: DDoS или напади од други мрежи, проблеми од повисока интернет инстанца (upstream) или пад на мрежата на трети лица, војна, пожар, поплава, саботажи, несогласувања со вработените, владини акти, дела од Господ или в) кршење на овој договор или кршење на ППК на УКИОН. - Клиентот единствено може да ги користи услугите на УКИОН за законски цели. Во случај ако УКИОН верува дека услугите кои се користат од страна на клиентот ги прекшуваат законските и/или одредбите и условите кои се содржани во овој договор, УКИОН има право веднаш да го прекине таквото услужување на клиентот, без да превземе никаква одговорност и не се обврзува за надомест на стварна, конпензациска или последична штета на клиентот, поради прекинот на услугата од наша страна. Следните користења се рестриктивни и ќе се сметаат како причина за итно раскинување на услугите и овој Договор, без најава до клиентот:
- Неовластена дистрибуција или копирање на патентиран софтвер, нарушување на рестрикциите на ЕУ за извоз, понижување, измама, говор на омраза, расна и верска дискриминација, размена на непристојни материјали, трговија со дрога, или други нелегални активности. Понудата за продажба или нудење е-маил листи заради праќање на непосакувани мејлови.
- Непосакувано рекламирање во големи количини преку мејл и/или “СПАМ” ќе се смета за нарушување на овој договор. Таквото однесување води кон итно раскинување на услугите на клиентот, и раскинувањето на овој Договор без претходна најава. УКИОН го задржува правото да ги пријави таквите нелегални активности кај надлежните органи со цел спроведување на соодветни мерки.
- Користењето на непостоечка емаил адреса за повратни одговори поради комерцијални причини, спам (праќање непосакуван рекламен материјал на бројни и-мејл адреси или форуми и/или испраќање (генерирање) значителен број на мејлови во споредба со еден просечен корисник), „ trolling“ (праќање скандалозни пораки со цел генерирање бројни повратни одговори), бомбардирања со мејлови (праќање на бројни пораки без значајна нова содржина на истиот корисник), претплатување или зачленување на интернет корисник на мејлинг листа без негова претходна согласност, крос-постирање на вести на бројни форуми, или обид за влез во заштитен компјутерски систем без претходно овластување. УКИОН го задржува правото да одлучи што преставува интернет злоупотреба.
- Тиранизирано однесување како: постирање клевети, обвиненија, скандалозни или приватни информации за личност(и) без нивна согласност, намерно нанесувајќи емоционална штета; или кршења на заштитни марки, авторски права или други права од интелектуална сопственост.
- Клиентот недвосмислено разбира и се согласува дека илегалните сајтови за воздрасни (сајтови со порнографска и еротска содржина) се јасно забранети. УКИОН го задржува правото веднаш да ги исклучи и одстрани таквите неовластени веб-страни без најава, или да ја прекине услугата на клиентот без претходна најава, а притоа не се обврзува за надомест на стварна, конпензациска или последична штета на клиентот, поради прекинот на услугата од наша страна.
- IRC (Интернет Релеј Чет) посебно се забранува.
УКИОН нема да биде одговорен за било која штета што може да ја претрпи вашиот бизнис. УКИОН не дава гаранции од било кој вид, експлицитни (јасно изразени) или имплицитни (кои се подразбираат), вклучувајќи ја и гаранцијата при продажба или прилагодување за одредена намена во однос на услугите кои ги нуди. Ова вклучува губење на податоци кои резултираат од одложување, неиспорачаност, погрешна испорачаност и/или било кои и/или сите прекини на услуги предизвикани од страна на УКИОН или неговите вработени. Услугите кои се обезбедени од страна на УКИОН се обезбедени КАКВИ ШТО СЕ (AS-IS) и без експлицитна или имплицитна гаранција. УКИОН го задржува правото за ревизија на своите полиси во било кој момент без претходна најава.
Полиса за Прифатливо Користење
Оваа полиса е формулирана со цел да се охрабри одговорното користење на услугите на УКИОН од страна на клиентите или другите интернет корисници (“Корисници”), и да му овозможи на клиентот безбедни, доверливи и продуктивни услуги.
Општо Однесување
Мрежата на УКИОН, вклучувајќи ги и веб-страните хостирани од УКИОН (колективно “мрежата на УКИОН”) може да се користи единствено за легални причини. Корисниците не смеат да ја користат мрежата на УКИОН со цел да пренесат, дистрибуираат или чуваат содржини а) кои кршат позитивно применливи закони б) кои ги прекршуваат авторските права, заштитниот знак, трговски тајни или други права од интелектуална сопственост на други лица, или приватноста, јавноста или други лични права на лица, или в) што се непристојни, заканувачки, навредливи, или подмолни, вклучувајќи и повик за тероризам и/или убивање на група или индивидуа.
Безбедност на Системот и Мрежата
На корисниците им се забранува прекршување или обид за прекршување на безбедноста на мрежата на УКИОН, вклучувајќи, без ограничувања, а) пристап на информации кои не се наменети за такви корисници или логирање на сервер или акаунт каде на корисникот не му е дозволено да пристапи; б) обид да ја истражува, скенира, или тестира ранливоста на системот или мрежата или да ги пробие безбедносните или мерките за докажување на автентичноста без такво овластување; в) обид да се меша во услугите наменети за друг корисник, хост или мрежа, вклучувајќи, без ограничувања, преоптоварување (overloading), 'flooding', бомбардирање со мејлови или предизвикување на прекин во системот 'crashing'; г) фабрикување (фалсификување) на TCP/IP packet header или на било кој дел на информациите на хедерот во било кој е-маил или било кое постирање на форум/блог или д) превземање дејствија со цел да се добијат услуги за кои корисниот не е овластен. Нарушувањата на безбедноста на ситемот или мрежата на УКИОН може да резултираат со граѓанска или криминална одговорност. УКИОН ќе ги истражи дејствијата кои вклучуваат такви прекршоци и може да ги вклучи, или да соработува со властите во гонењето на корисниците кои се вклучени во такви дејствија.
Е-Маил
Корисниците не смеат да испраќаат непосакувани е-маил пораки, вклучувајќи, без ограничување, мејлови пратени во огромни количини (СПАМ) со цел на комерцијално рекламирање или инфомациски најави на начин на кој негативно би влијаел на мрежата и системот на УКИОН, вклучувајќи, без ограничување, и користење на е-маил акаунт на мрежата на УКИОН со цел да се прати СПАМ е-маил или мејлови во големи количини, или користење на услугите на друг провајдер со цел да се испрати СПАМ или промовира страница хостирана на, или поврзана на мрежата на УКИОН. Покрај тоа, корисниците не смеат да ја користат мрежата на УКИОН со цел да а) праќаат е-маил пораки кои се преобилни и/или имаат цел да вознемират или малтретираат други; б) продолжат да праќаат мејлови на примач што нагласил дека тој/таа не сака да прима мејлови в) пратат мејл со фабрикувани (фалсификувани) TCP/IP хедер информации; г) пратат малициозни (malicious) и мејлови кои содржат вируси, вклучувајќи и бомбардирање со мејлови; д) пратат или примаат мејлови на начин што ја прекршуваат Полисата за користење на друг интернет провајдер; ѓ) го користат сандачето за писма едиствено како простор за чување податоци; е) нудење на продажба или барање на мејлинг листи со цел праќање непосакувани СПАМ мејлови.
Usenet и Blog
Корисници кои постираат пораки на Usenet newsgroups (форуми) и блогови, се одговорни за запознавање со писмените документи или FAQ - Често Поставувани Прашања, кои даваат информации за користењето на таквите форуми или блогови и почитување на правилата на истите. Не земајќи ги во предвид таквите полиси, корисниците не смеат: а) да постираат иста порака, или серија на слични пораки, на еден или повеќе форуми или блогови (преобилно крос-постирање или повеќекратно постирање, познато како “Usenet СПАМ”; б) да откажат или заменат постови кои првично не биле постирани од таквиот корисник, освен ако таквиот корисник го прави тоа поради должноста и улогата на официјален модератор на форумот или блогот; в) постира пораки во преобилна количина и/или пораки кои се наменети да вознемируваат или малтретираат лица, вклучувајќи, и без ограничување, верижни писма.
Суспендирање / Прекинување на услугите
Секој корисник за кој УКИОН одлучил дека прекршил било каква одредба на ППК ќе биде формално предупреден, и истиот може да биде подложен, на волја на УКИОН, на времено суспендирање (времено исклучување) на услугите додека корисникот не потпише писмен договор со кој ќе се воздржи од понатамошни прекршувања на ППК на УКИОН. Меѓутоа, ако УКИОН смета дека тоа е потребно, може веднаш да ги суспендира или прекине услугите до корисникот без претходна формална опомена. Корисниците за кои УКИОН смета дека направиле втор прекршок на било која одредба на ППК ќе бидат подложни на итно суспендирање или прекинување на услугите без претходна најава.
Одговорност
УКИОН не превзема никаква одговорност за содржината на другите корисници или за било која содржина на УКИОН мрежата која не е постирана од страна на УКИОН. УКИОН не е одговорен за содржината на другите веб-страници поврзани или линкувани (linked) со мрежата на УКИОН; линковите се поставени единствено како алатки за интернет навигација.
Политика на приватност
УКИОН ја почитува вашата приватност и таа е приоритет при посета на нашата веб страна. При посетата на нашата интернет страна, УКИОН ја зачувува вашата IP адреса (уникатна интернет адреса), времето и времетраењето на посетата. Покрај тоа, ние ги прибираме само доброволно внесените (оставени по желба на посетителот) персонални информации, како на пример: пополнување на контакт и други формулари и/или регистрација на нашата веб страна при купување на услугите. Овие информации се користат за верификација на корисниците при продажба и користење на услугите и/или за подобрување на содржината на нашиот веб-сајт и не се дистрибуираат на други лица за комерцијални цели. Секој корисник кој разменува персонални податоци со нашата интернет страна и кој доставува: име, презиме, адреса, телефонски број, домен име или URL, лого или други персонални податоци и информации за идентификација, дозволува УКИОН да ги користи истите за комерцијални цели во интерес на УКИОН, вклучувајќи и контакт на корисниците за дополнителни промоции, производи и услуги на УКИОН. Доколку корисникот не сака да прима понатамошни комерцијални информации од страна на УКИОН треба да испрати барање на: privacy@ukion.mk. Регистрираните клиенти - кои ги користат услугите на УКИОН, се согласуваат да ги следат известувањата испратени во контекст на услугите на УКИОН (фактури, соопштенија, сервисни пораки, проблеми, формални предупредувања и друга форма на контакти кои произлегуваат од правата и обврските за користење на услугите на УКИОН).
Полиса за Авторски Права
УКИОН не ја контролира и не може да ја контролира содржина која е достапна до вас за време на користењето на мрежата на УКИОН. Корисниците на услугите (мрежата) на УКИОН одлучуваат која содржина ќе биде достапна на други и која содржина ќе биде достапна за симнување (download). Корисниците на УКИОН се одговорни да ги почитуваат применливите закони во врска со таквата содржина, вклучувајќи ги и Законите за авторски права.
УКИОН го почитува Законот за Заштита на Авторски права и очекува корисниците на услугите да го направат истото. Неовластеното копирање, дистрибуција, модификација, јавно изложување или јавно изведување на авторско-заштитени работи и дела се сметаат за прекршок на авторските права на сопственикот. Со услов за користење на услугите на УКИОН, вие се сложувате дека во никој случај нема да ги прекршите авторските права и правата за интелектуална сопственост на други лица. УКИОН ќе ги исклучи корисниците кои постојано ги нарушуваат авторски права или правата на интелектуална сопственост на други лица. Покрај ова, УКИОН го задржува правото да го исклучи акаунтот на корисник и по еднократното нарушување на правата на другите, а е поврзано со користењето на услугите на УКИОН; или ако УКИОН смета дека однесувањето на корисникот штети на интересите на УКИОН, неговите партнери, или другите корисници, или поради било која друга причина, со или без последица, на волја на УКИОН.
УКИОН не продава, изнајмува или на друг начин изложува е-маил листи на трети лица.
Сите доделени IP адреси на користење за клиентите се подложни на правилата на Регионалниот Интернет Регистар за Европа (RIPE).
УКИОН го задржува правото за промена и дополнување (модификација) на овај договор, а притоа промените и дополнувањата (модификациите) ќе бидат објавени на нашата веб страна.
Ве молиме доколку вие како корисник на услуги или друго лице увидите било какво прекршување на одредбите на овај договор, истото да го пријавите на abuse@ukion.mk
вер.0.3 Ревизија: 27 Јануари 2010
Хостинг Договор за Ниво на Испорачана Услуга (ДНИУ) - Service Level Agreement (SLA)
Сите лица кои го посетуваат овај сајт, според овај договор се нарекуваат посетители. Сите лица кои ги купиле или користат услугите на УКИОН, во овај договор ќе бидат наведени како корисници или клиенти. Договорот за Ниво на Испорачана Услуга може да се скрати како ДНИУ. Битна напомена: овај документ е често ажуриран. Ве молиме создадете си навика за повремено разгледување на документацијата со цел навремено информирање за нашите тековни договори за користење на услугите.
1.1 Општо
УКИОН го задржува правото за промена и дополнување (модификација) на ДНИУ, а притоа промените и дополнувањата (модификациите) ќе бидат објавени на нашата веб страна. Освен како што е наведено во овај ДНИУ, во друг случај ние не одговараме за достапноста или перформансите на нашата мрежа или сервери. Одредени или специфични одредби/точки на овај договор може да бидат индивидуално договорени со клиентот, врз основа на претходно дадена согласност и потпишување соодветен договор за користење на услуги. Во случај да постојат различни одредби/точки на овај ДНИУ и потпишаниот договор за услуги, одредбите/точките на потпишаниот договор за користење услуги ќе надвладеат над оваа општа ДНИУ полиса. Договорот за услуги потпишан и договорен со клиентот се случил пред овој ДНИУ, и одредбите на истиот се на сила и ги контролираат взаемните обврски и ограничувања на УКИОН и на клиентот.
1.2 Гаранција за непреченост
Ние целиме да одржиме 99.9% непречено работење на мрежата и серверите. Овој процент на непреченост е месечно дефиниран, пресметан единствено преку нашите системи за мониторинг или преку овластени/договорени надворешни мониторинг сервиси (пример: alertra.com). Ако не успееме да ја одржиме оваа гаранција на 99.9% непреченост, а кое попречување нема да биде причинето од исклучоците наведени подолу, клиентите ќе бидат кредитирани, по нивно барање, на основа случај по случај, на начин изнесен подолу. При тоа мора да напоменеме дека нема да има кредитирање за цел месец поради минорни попречување на протокот. Истото нема биде финансиски одржливо за нас, и ќе има негативен импакт на нивото на услуги кое ви го гарантираме. Делумна рефундација за делумно попречување е нашата стандардна полиса. Во екстремни околности, ние може да ви кредитираме износ за цел месец, доколку ова е посебно договорено со клиентот. Деталите за пресметка на кредитните износи се изнесени подолу.
1.3 Исклучоци
Нашите клиенти нема да бидат кредитирани на начин наведен во овај договор, за било која слабост или недостапност на нашата мрежа предизвикана или поврзана со:
Околности надвор од разумна контрола, вклучувајќи, без ограничување, акти на владата, војна, востание, саботажа, ембарго, "Дела на Бога" (т.е. пожар, поплава, земјотрес, ветрови, итн ..), штрајк или други нарушувања на трудот, прекин на, или доцнење но транспортот; недостапност, прекин или одложување на телекомуникациите или услугите од трети страни (повисока интернет инстанца); софтверски грешки на трети лица или неможност да се добијат суровини и материјали, стоки, или прекини во електричната енергија или соодветна опрема потребна за обезбедување на Нивото на Услугата во овај Договор.
- Telco Прекини (повисока интернет инстанца - прекини во оптичките кабли и сл. - нашите сервери се лоцирани во Велика Британија и Telco представува наша повисока интернет инстанца)
- Backbone peering point issues (PAIX) - Причини предизвикани од повисоки интернет инстанци
- Однапред закажани сервисни одржувања и надградби на хардвер/софтвер
- DNS причини, надвор од нашата директна контрола
- Акти на купувачите или пропусти, вклучувајќи но не и ограничено, невнимание, намерно или ненамерно прекршување на нашата Полиса и ППК од страна на клиентот и/или лица овластени од него, со што предизвикале прекини на услугите.
- DDOs напади или било какви IRC поврзани напади
1.4 Достапност
Наша цел е да овозможиме достапност на нашата мрежа (мрежа ставена на располагање на клиентот без прекини) 99,9% од времето. Прекинот е дефинирана инстанца во која клиентот не е во состојба да пренесува или прима IP пакети како резултат на прекин на услугата повеќе од 15 последователни минути, со исклучок на сервисните проблеми кои можат да произлезат од нашето закажано одржување и надградба. Мора да се напомене дека мрежата на УКИОН не вклучува сервисен пристап (пристап на персонал) во просториите или пристап до опремата на Telco или на било која дополнителна Telco инфраструктура. Во однос на латентноста, наша цел е да се задржи просечната дуплекс латентност на нашата мрежа на 95 милисекунди или помалку. Просечната дуплекс латентност се однесува на тековниот месец и се дефинира како просечното време потребно за двонасочен трансфер на IP пакети помеѓу нашата мрежа и големите американски backbone peering points во текот на истиот месец, а што е мерено од нас. Што се однесува до загубите, наша цел е да се задржи просечната месечна загуба на IP пакети на 1% или помалку. Просечната месечна загуба на пакет се дефинира како просечниот процент на IP пакети пренесени во нашата мрежа, а кои не се успешно доставени до крајната дестинација, исто така мерено од наша страна.
1.5 Мерење
Ние ја следиме достапноста на нашата мрежа и достапноста на серверите периодично (во просек на секои 5 минути), со користење на софтверски и хардверски компоненти прилагодени за таа намена. Мора да се стави на знаење дека таквите мерења не може во целост да го измерат патот преку кој поминува интернет конекцијата на клиентот, и дека таквите мерења се однесуваат само за нашата мрежа, а не и за другите мрежи на кои клиентот е поврзан или се поврзува. УКИОН го задржува правото на периодична измена на мерните точки и методологии без претходна најава. Комплетната мрежна и серверска достапност ќе бидат објавени на начин и локација одредена од нас и ставена на располагање на клиентите.
1.6 Хардверски Проблеми
Нашата веб страна стои зад целата опрема во нашата мрежа. Хардверските грешки се ретки, но не може да се предвидат ниту избегнат. Ние користиме единствено brand name хардверски компоненти со највисок можен степен на квалитет и перформанси. Доколку настанат хардверски проблеми, вклучително и серверски грешки или пад на системот кои влијаат на нивото на услугите или перформансите на опремата, се обврзуваме дека ќе ги замениме во најкраток можен рок. Хардверските проблеми што резултираат со целосен прекин на мрежата/серверот, исто така, ќе бидат заменети во најкраток можен рок. Рутерските проблеми се исклучок на овај ДНИУ (SLA) и за тоа се одговорни инженерите на повисоките интернет инстанци. Рутерските грешки се регулирани со соодветни договори со надворешни фирми и backbone оператори (повисоки интернет инстанци) во однос на итноста на сервисот кој треба да се спроведе доколку настанат такви грешки.
1.7 Кредити
Во случај да не постои достапност на мрежата - мерена 24 часа на ден, во текот на еден календарски месец, ние ќе ви ја кредитираме месечната наплатена услуга на начин прикажан подолу со максимален износ на кредитот не поголем од износот на месечната услуга.
Веб Достапност / Кредит
95% до 99% = 25%
90% до 94,9% = 50%
89,9% или подолу = 100%
За да можете да добиете кредит на вашата сметка, вие мора да доставите барање во рок од 5 (пет) работни дена откако сте увиделе недостапност на Веб Страната. Вие мора да побарате кредитирање со подигнување на тикет за целиот случај испратен до нашиот оддел за наплата (billing). Заради соодветна идентификација, во содржината на тикетот мора да се наведе и корисничкиот акаунт/име на домен, датумот и времето на недостапноста на веб-сајтот и други податоци за идентификација доколку се потребни/побарани од наша страна. Ве молиме забележете дека за враќање на средствата ќе бидат потребни 4 (четири) до 6 (шест) работни недели. Во случај кога не постои достапност на веб-страната за соодветен месец, кредитирањето ќе биде единствен и ексклузивен лек.
2.0 Модификација
Ние го задржуваме правото да додадеме, избришеме или модификуваме било која одредба на Договорот за Ниво на Услуги и Прифатлива Полиса за Користење во било кое време без претходна најава.
вер.0.2 Ревизија: 16 Април 2010
Договор за интернет продавница
Ве молиме внимателно прочитајте го овој договор бидејќи се однесува на вашите права и правни средства (лекови).
1. Преглед
Следниот договор ( “Договор”) е склучен помеѓу вас (“Клиент”, “Корисник”, “Вие” или “Вас”) и УКИОН ДООЕЛ (“УКИОН”), регистрирана компанија во Македонија со регистарски број: 6475191, (адреса: УКИОН ДООЕЛ ул. “Димитар Влахов” бр. 6А, 6000 Охрид, Македонија) и стапува на сила од денот на електронското прифаќање. Времетраењето на овој договор е одредено со Анекс на договорот - датумот на нарачката и времетраењето на услугата наведена во нарачката. Овој Договор ги пропишува условите и правилата за користење на производите и услугите на УКИОН (алати и ресурси за управување на интернет (онлајн, виртуелна, веб, е-комерц) продавница, обработка на нарачки и онлајн продажба на производи и услуги, трговски услуги и други поврзани услуги кои би можеле да се понудат од време на време)-(заеднички назив “Услуги”) кои може да се најдат на оваа веб страна и е во прилог на, а не замена на одредени услови и правила кои произлегуваат од вашето купување на друг производ или услуга.
Вашето електронско прифаќање и/или користење на Услугите значи дека вие сте го прочитале, разбрале и се сложувате да ги почитувате правилата и условите на овој Договор како и на сите полиси објавени на оваа веб-страна. Во случај кога било кои услови или правила предвидени со овој договор се во конфликт со другите услови и правила, условите и правилата во овој договор ќе надвладеат. УКИОН, со своето единствено дискреционо право, може да одбие да дава услуги на било кого и во било кое време и од било која причина. Ако УКИОН го спроведе ова право, УКИОН нема да ви наплати за услугите и/или да ви ги врати средствата кои сте ги уплатиле за Услугите за време на месецот/месеците кога УКИОН го искористил правото да прекине со давање услуги.
УКИОН, со своето единствено и апсолутно дискреционо право, може да го промени или модификува овој Договор и да ги промени корпоративните политики и/или одредени правила за услугите кои се овде вклучени, во секое време, и таквите промени или модификации ќе стапат на сила веднаш откако претходно: (I) ќе добиете електронско известување за таквите промени или модификации, или (II) електронски ќе го прифатите овој Договор по промените и дополнувањата (модификациите) индицирани според датумот на последната ревизија, или (III) доколку продолжите да ги користите услугите откако УКИОН ќе ги објави измените и дополнувањата на Договорот на страната ukion.mk
2. Кфалификување, начин на контакт и сопственост на корисничка сметка
Услугите кои може да ги најдете на оваа веб страна се достапни само за клиенти со кои може да се склучи законски договор според важечките закони. Со користењето на услугите кои може да ги најдете на оваа страна, вие се согласувате и гарантирате дека сте: (I) над 18 години и/или дека сте (II) во состојба да склучите законски валиден договор според важечките закони. Понатаму, исто така гарантирате дека не сте на Листата на личности со кои компаниите не смеат да имаат деловна соработка и дека не сте личност и/или правно лице на кое УКИОН според закон не смее да дава услуги. Клиентот ќе одреди само еден “Овластен застапник” во Формуларот за нарачки. Тој Овластен застапник ќе има целосно овластување да склучува договори и да донесува важни одлуки во името на клиентот. Клиентот се согласува дека УКИОН може целосно да соработува со Овластениот застапник. Овластениот застапник може да се смени во кое било време со испраќање на писмено известување до УКИОН, во согласност со одребите за Начин на известување од овој Договор.
УКИОН нема обврска да прифаќа инструкции од никој друг освен од Овластениот застапник. И покрај гореспоменатото, УКИОН нема да сноси одговорност за било каква загуба или штета која би настанала во случај УКИОН да делува согласно инструкци, известувања, информаци, документ или комуникација за кои УКИОН со право сметал дека се оригинални и дека се од Овластениот застапник на клиентот. Со цел да се заштити квалитетот на производи и услуги на УКИОН, со ова вие одобрувате персоналот на УКИОН да има пристап до вашата корисничка сметка и регистар, за секој случај посебно, со цел да се испитаат сите поплаки или други наводни проблеми или злоупотребувања на услугите.
3. Спор за сајтот или сопственоста на корисничката сметка
Лицето кое ја креира корисничката сметка и кое ќе биде назначено како сопственик, ќе се смета за сопственик на корисничката сметка (акаунт-от). Од безбедносни причини, само сопственикот на корисничката сметка или неговиот Овластен застапник ќе смее да прави измени, да откажува услуги или пак, да назначи нов Овластен застапник. Понекогаш настануваат спорови помеѓу повеќе лица кои тврдат дека се сопственици на правата на сајтот, продавницата или на корисничката сметка. УКИОН не е обврзан на и нема да решава ваков вид на спорови, што значи УКИОН е ослободен од какви било обврски и задолженија кои произлегуваат од ваквите спорови. Ако засегнатите странки не успеат да го решат спорот во разумно време, според политиката на УКИОН, тогаш УКИОН како единствена опција и без обврска да го стори тоа, може да ја откаже или поништи корисничката сметка се додека не се реши спорот и додека со сигурност не се утврди сопственоста и правата на сајтот, продавница или корисничката сметка. Лицето или лицата, за кои по судски пат или по пат на спогодба ќе биде одредено дека се законски сопственик/сопственици на засегнатиот сајт, продавница или корисничка сметка, имаат обврска да ги платат сите давачки во согласност со Политиката за префрлање на сопственост, доколку е тоа потребно, да се префрли правото на сопственост на сајтот, продавницата или корисничката сметка на вистинскиот сопственик. Доколку вистинскиот сопственик на сајтот, продавницата или корисничката сметка навремено не ги плати предвидените давачки, ќе се смета дека се прекршени условите на Договорот и корисничката сметка веднаш ќе биде поништена.
За да се префрли правото на сопственост на корисничката сметка, Клиентот мора да го контактира УКИОН и да се согласува со Политика за префрлање на правото на сопственост.
4. Содржина
Под “содржина” се подразбира секоја информација која можете да ја создадете, обезбедете, зачувате, објавите, пренесете или да ја направите достапна со користење на Услугата (интернет продавницата), како што се датотеки, напишан текст, софтвер, музика, графикони, логоа, слики, звуци, видеа, пораки и слични содржини. Вие се согласувате дека нема да вклучувате содржини кои би давале повод за УКИОН (што не е обврска) да ги одбие или отстрани. УКИОН може да ја отстрани секоја содржина за која смета дека е: а) незаконска, навредлива, заканувачка, опасна, содржи клевета, порнографска, од коцкарски карактер, непристојна, расистичка или неприфатлива; б) врз која немате целосна сопственост или валидна лиценца; в) која ги прекршува авторските права на трета страна; г) ги прекршува овие правила и/или; (д) ги прекршува правилата и условите, кои од време на време се модифицирани од страна на продавачите на УКИОН, кои обезбедуваат производи, услуги и други ресурси со кои се овозможува Услугата (Продавачи како трета страна). Во Содржината мора да бидат вклучени вашето име и адреса, вашите контакт информации (телефонски број, електронска пошта) каде ќе може да се праќаат прашања, поплаки или барања од корисникот.
5. Забрана
Се согласувате дека во вашата Продавница или во каква било поврзаност со неа, нема да го објавите, понудите на продажба, продавате или на било кој начин да го дистрибуирате следново:
- крв, течности кои содржат крв или делови од тело;
- алатки за кражба
- фалсификати
- апарати од уништувачки карактер и експлозиви
- документи за идентификација, лични финансиски сметки или лични информации (во било која форма, вклучувајќи и мејлинг листи)
- лото ливчиња, листи за обложување или слот машини
- непристојни материјали или детска порнографија
- навредлив материјал или говор на омраза
- полициски значки или униформи
- акции или други хартии од вредност
- украдени предмети
Понатаму се согласувате дека во вашата Продавница или во каква било поврзаност со неа, нема да ги објавувате, нудите на продажба, продавате или на било кој начин да ги дистрибуирате следниве работи, освен ако тоа не ви е дозволено, и е во целосна согласност со важечките државни, локални или други закони:
- дигитални податоци кои не се во ваша сопственост или за кои ги немате потребните права и лиценци за да ги чувате, прикажувате, изведувате, копирате или дистрибуирате
- опасни и забранети предмети
- содржини или материјали кои не се со согласност со законот
- оружје и други слични материјали, меѓу кои, без исклучоци, експлозиви, огнено оружје, делови за огнено оружје и складишта, муниција, воздушни пушки и пушки со сачми, солзавец, електрични пиштоли, скокачки ножеви (кои се отвораат со копче) и воено оружје.
6. Сопственост на продавница
Вие сте целосно одговорни за промовирање и одржување на Вашата Продавница, вклучувајќи ја работата околу продавницата; примање, обработка и исполнување на барањата на клиентите и за справување со прашањата, поплаки или споровите на клиентите кои би произлегле од продажбата која се врши преку вашата Продавница. Целосно сте одговорни за создавање, управување, уредување, преглед, бришење и контролирање на содржината во вашата Продавница, вклучувајќи ги сите описи на производите и услугите кои им ги нудите на клиентите на вашата Продавница, како и сите работи поврзани со вашата Продавница. Вие ги задржувате сите права, овластувања и интереси на сите права на интелектуална сопственост, вклучени во Вашата содржина, освен на содржините кои ги обезбедува УКИОН. Без обзир на горенаведената содржина, ако прекршите каков било услов од овој Договор, УКИОН има право да ја суспендира или поништи вашата Продавница и/или пристапот до информации или податоци поврзани со вашата корисничка сметка и софтвер. Вие разбирате дека, со самото тоа што само вие имате имате можност да објавувате или дистрибуирате ваши производи или производи од трети лица, услуги или информации, УКИОН делува како пасивен канал за дистрибуција и/или објавување на тие производи, услуги и содржини на Продавницата. УКИОН нема никакви обврски кон Вас или кон некое трето лице и не превзема никаква одговорност да ја контролира вашата Продавница, производите или услугите или било каква содржина, вклучувајќи ги и содржините кои произлегуваат од корисниците, или кои се создадени и/или дистрибуирани во вашата Продавница, и да одредува дали некој производ, услуга или содржина содржи обврски кои треба да ги исполни трето лице. Без оглед на се, доколку УКИОН смета дека вашата Продавница или производи, услуги, содржини или други материјали во вашата Продавница или на серверите на УКИОН, наметнуваат каква било одговорност за УКИОН или им штетат на другите корисници на услугите и вебсајтот на УКИОН, тогаш Вие се согласувате УКИОН да ги превземе сите мерки, во однос на содржината или материјалите, или во однос на вашата Продавница, кои УКИОН смета дека се неопходни за да се минимизира потенцијалната одговорност или да се заштитат другите корисници на услуги на УКИОН.
7. Дефиниции и надградба на софтвер
"UKIONSHOPS; UKIONSHOPS on a cloud" (УКИОН продавници во "oблаци") се однесуваат на секој вид на постоечки софтвер, технологија, know-how, алгоритми, процедури, техники и солуции поврзани со употребата, дизајнот по нарачка, развој по нарачка, тестирање, дистрибуција и подобрување на ваквите постоечки софтвери и соодветни технологии, а кои (можат да бидат базирани и на отворен код проширен и/или прилагоден од страна на УКИОН) се користат од страна на УКИОН во напорите за развој; се предвидени во Договорот; се базирани, или развиваат или се во сопственост на снабдувачите.
Клиентите се согласуваат да го задржат текстот UKIONSHOPS и УКИОН лого со хиперлинк "http://www.ukion.mk" во подножјето на веб продавницата. Линкот мора да е стандарден HTML, да не содржи javascript и да е одобрен од УКИОН. Линкот може да се отстрани со дополнителна доплата.
Од време на време, УКИОН може да го надгради софтверот поврзан со Услугата поради многу причини, вклучително, но не ограничено на: а) одржување, б) поправка на дефекти или проблеми од претходната верзија и/или в) подобрување на функционалноста и/или карактеристиките. УКИОН не гарантира дека тие надградби нема да влијаат на вашето користење на Услугата или дека нема да воведе нови, непознати грешки и дефекти во софтверот. Понатаму, УКИОН не сноси одговорност за ефектите на надградбата на софтверот врз одредени кодови кои не се обезбедени од страна на УКИОН и каква било измена на тие кодови со цел да се обнови функционалноста е на целосна одговорност и трошок на Клиентот.
8. Користење на името на клиентот и неговиот бренд
Клиентот му одобрува на УКИОН не-ексклузивно право и дозвола да го користи името на Клиентот и нивниот бренд, заштитни знаци и препознатливи услуги (заедничко име за сите нив: “Знаци на Клиентот”) како што се објавени од страна на Клиентот или кои УКИОН ги добил на друг начин согласно овој Договор: а) на самата веб страна на УКИОН, б) преку печатена и онлајн реклама, во јавност, на интернет листи и директориуми, печатени и интернет медиуми, електронски билтени и весници (newsletter) и надградби во кои се опишани услугите на УКИОН и в) во апликациите кои се неопходни и кои се од корист за гореспоменатото.
9. Сублиценца
Клиентот не смее да сублиценцира или да препродава услуги на УКИОН на трето лице, без претходно писмено одобрување од УКИОН. На пример, Клиентот не смее да нуди Веб-хостинг услуги на трето лице преку Услугите на УКИОН без претходно писмено одоборување од УКИОН. Секој обид да се стори тоа ќе се смета како материјален прекршок и ќе доведе до раскинување на овој Договор.
10. Трошоци и плаќања
А) Трошоци. Земајќи ги во предвид услугите, Клиентот ќе му ги плати на УКИОН сите трошоци според цените и условите за плаќање наведени на веб страната. Секоја продажба е крајна, а УКИОН не нуди ниту делумо, ниту целосно рефундирање на средства на било кој вид на купенa услуга или производ, па дури и ако услугите се завршени, суспендирани или пренесени пред да заврши услугата. УКИОН го задржува правото да ги смени цените и трошоците во било кое време, а тие промени ќе бидат објавени на веб страната и стануваат важечки во моментот на објавување и без потреба за дополнителни извесувања. Ако сте купиле услуги или склучувате договор за неколку месеци или години однапред, промената или модификациите на цените и трошоците ќе важи по обновување на договорот и/или Услугата. Вие се согласувате да платите дополнителни трошоци, доколку го надминете месечниот трансфер на податоци и хостингот дефинирани во пакетите.
Б) Плаќање Плаќањата се извршуваат по регистрацијата, услугите нема да се активираат се додека нема уплата. УКИОН поставува периодичен циклус на фактурирање со што ќе му наплаќа на Клиентот месечни давачки врз основа на времетраењето на договорот и пакет услугите кои ги нарачал. Нашиот периодичен циклус се смета од денот кога се отвора корисничката сметка и уплатата се врши секој месец на тој ист датум. Ова се нарекува Дата за плаќање на сметките. Клиентот плаќа секој месец за услугите во согласност со овој Договор за услуги за да може да се извршуваат услугите. Ако клиентот ја добива услугата, но од некои причини нема плаќање од негова страна, Клиентот се согласува да го плати цел износ одеднаш кога тоа ќе се побара од него. За повторно активирање на суспендираните или деактивираните кориснички сметки, Клиентот мора да ги плати сите претходни и тековни сметки. За да ја откажете вашата сметка, мора да ги следите упатствата под Точка 19. По истекот на времетраењето на договорот истиот продолжува на неопределено време, и за да се осигурате дека нема да плаќате за услуга од следниот месец, мора да ја откажете корисничката сметка пред датумот на истекување на договорот.
Забелешка: Сите плаќања (фактури, белешки итн.) се вршат преку е-маил. Затоа од клучно значење е да имате важечка е-пошта преку која ќе контактирате и работите со нас.
11. Прифатлива (фер) полиса за користење на услугите
Вие потврдувате дека сте запознаени и дека во секое време се согласувате, и ќе барате од вашите клиенти да се согласуваат, со која било УКИОН прифатлива полиса за користење на услуги, како и со сите услови на Продавачите како трета страна. На ваше барање, УКИОН може да ви ја достави Полисата за користење на услуги.
12. Безбедност
УКИОН обезбедува оптимално безбедна работна околина на своите клиенти. Но, клиентите се свесни дека Интернетот не е сигурен и целосно доверлив систем и дека целта на Услугата е да им дозволи на крајните корисници лесен пристап до содржината на Клиентот. УКИОН ќе превземе мерки за заштита кои смета дека се неопходни, за да го заштити вебсајтот на Клиентот од напад, меѓутоа УКИОН не гарантира дека нема да има прекини или пречки на услугите, или дека содржината на Клиентот ќе биде сигурна од напад, во било каква форма, од страна на крајните корисници или пак на друга, трета страна.
Исто така, вие сте целосно одговорни за вашата лозинка и за информациите кои ви се на корисничката сметка, како и за сигурноста, доверливоста и за потполноста на содржината која се складира или пренесува преку серверите на УКИОН (или од страна на некој сосема друг провајдер).
13. Забрана
УКИОН нема должност, ниту обврска да ја контролира содржината на Клиентите или било која друга содржина обезбедена или дистрибуирана од други, и УКИОН нема да ја уредува, ниту контролира содржината на Клиентот. Како и да е, УКИОН може во секое време со својата слобода на носење одлуки, без да го извести Клиентот и без никаква одговорност кон него да ги одстрани, исклучи или да го прекине пристапот до кои било содржини на Клиентот, кои УКИОН смета дека се навредливи или незаконски и тоа од следниве причини: I) се смета дека содржината го прекршува законот во државата каде постои серверот, или содржи нелегални или сексуално експлицитни содржини или активности, или пак, каква било Содржина која наводно го прекршува законот, правилата или процедурите во која било земја; II) содржината претставува малтретирање за Корисниците, вклучително, но не ограничено на, начинот на плаќање на корисниците; III) доколку Корисникот не се однесува во согласност со или прави материјални прекршоци на кој било од условите на Полисата за прифатливо користење или на условите и правилата од овој Договор или IV) поплаки и жалби од трети лица против УКИОН поради тоа што Клиентите или други крајни корисници на клинетот содејствувале и/или учествувале во една или во повеќе од горенаведените прекршоци.
14. Без молби
Клиентот се согласува дека НЕМА да пристапува на ниту еден од вработените во УКИОН и неговите партнери со предлог да ги најми како свои вработени или како свои вршители на дејност. Доколку сакате да најмите некој од вработените на УКИОН, се согласувате дека за секој најмен вработен ќе платите повисок износ од вкупниот износ за платите за три години на тој вработен или 36.000 евра.
15. Обештетување
Клиентот треба да го обештети и да не го зема за одговорен УКИОН за какви било барања, дејствија, причини, парници, процеси, загуби, отштети, трошоци и давачки, вклучувајќи ги и давачките за адвокати и давачки за правни совети, кои произлегле или се поврзани со некои услови на Клиентот, или од употребата на крајниот корисник, од содржината на клиентот; или било кој вид на дејство, грешка или пропуст на Клиентот, како на пример: погрешни, нецелосни и лажни информации, клевети, нарушување на приватност, преземање на сопственост, непочитување на авторските права, фирма, заштитен знак или други авторски права или прекршоци на важечкиот закон. Ова обештетување е дополнение на секое обештетување предвидено во UDRP (Полисата за користење на посебен Интернет домен) или друга слична полиса.
16. Одрекување од гаранции
Клиентот прецизно прифаќа и се согласува дека користењето на овој сајт и услугите достапни на него се на сопствен ризик на Клиентот и дека овој сајт и услугите на него се достапни “КАКВИ ШТО СЕ”, ”КАКО ШТО СЕ ДОСТАПНИ” и “СО СИТЕ ГРЕШКИ”. УКИОН, неговите претставници, директорите, вработени и застапниците се оградуваат од секаква гаранција, законска, изразена или имплицирана, вклучително, не не ограничено на, имплицирана гаранција за сопственост, тргување, за одредена намена и не-прекршување на одредени права. УКИОН, неговите претставници, директори, вработени и застапници не се одговорни и не гарантираат за I) способноста на софтверот да ја извршува својата работа без ограничувања или рестрикции во секаква околина; II) прецизноста, севкупноста и содржината на сајтот; III) прецизноста, севкупноста или содржината на некој поврзан сајт (преку хиперлинкoви, рекламa и слично) со овој сајт и/или IV) услугите кои ги има на овој сајт или на било кој од поврзаните сајтови (преку хиперлинкoви, рекламa и слично) со овој сајт, и УКИОН не превзема одговорност за истово.
Во прилог, вие прифаќате и се согласувате дека ниту вербалните, ниту пак, писмените информации или совети од страна на УКИОН, неговите претставници, директори, вработени или застапници (вклучувајќи ги и претставниците на Колцентарот или Центарот за корисници) нема да: 1) претставуваат правен или финансиски совет или 2) креираат гаранција од било каков вид во однос на овој сајт или за услугите кои ги има на сајтот, и дека клиентите не можат да се потпираат на таквите информации или совети.
Горенаведеното оградување од одговорност и гаранции се применува во најголема можна мерка, во согласност со законот и истото трае и по завршувањето и истекувањето на овој договор и по вашата посета на сајтот и услугите кои може да ги најдете на истиов сајт.
17. Ограничување на одговорностите
УКИОН не превзема никаква одговорност во врска со употребата на услугите од страна на клиентите или крајните корисници на услуги и не е одговорен за последователни, случајни или посебни штети, како на пример, неможност за користење на сајтот, прекини во бизнисот, загуба на профит, загубени приходи или казнена оштета, иако УКИОН е свесен за горенаведните можни сценарија. УКИОН во ниту еден случај нема да е одговорен за сума поголема од онаа која му е платена од страна на клиентите за услугите во текот на 6 месечен период. Исто така, Вие прецизно прифаќате и се согласувате дека било какво барање за оштета поврзана со овој сајт и услугите кои може да се најдат на сајтот, ќе биде покренето во рок од една година откако се појавиле причините за барањето, или во спротивно таквото барање ќе биде трајно блокирано. Горенаведеното ограничување на одговорности се применува во најголема можна мерка, во согласност со законот и истото трае и по завршувањето и истекувањето на овој договор и по вашата посета на сајтот и услугите кои може да ги најдете на истиов сајт.
18. Виша сила.
УКИОН нема да сноси одговорност за пропусти во исполнувањето на своите обврски пропишани во овој Договор, доколку тие пропусти се вон контрола на УКИОН, како на пример: Божја сила, војна, владини дејствија, саботажа, пожар, штрајкови, паѓање на Интернет мрежата (кое не е резултат на работата на УКИОН), штрајкови или проблеми со работната сила, лоши временски услови, и/или доцнење (одложување) на/при транспорт, доцнење на добавувачите или соработниците. Ако услугата не ви е достапна во период од 30 последователни дена, како резултат на некоја виша сила, вие можете да ја откажете вашата претплата за услугите, но за тоа УКИОН нема да сноси никаква одговорност.
19. Траење, прекин и раскинување
Корисникот не може да го раскине овој договор пред истекот на периодот назначен во Анексот на овој договор (нарачката) или во согласност со Општите услови за работа на УКИОН. Доколку Корисникот сака да го раскине овој договор; или еднострано го раскине овој договор пред истекот на периодот назначен во Анексот; или ако по вина на Корисникот дојде до раскинување на овој Договор, Корисникот се обврзува претходно да ги подмири сите преостанати долгови кон УКИОН и да му плати договорни пенали на УКИОН (како обештетување за предвремено раскинување на договорот) и тоа:
- Подмирување на сите преостанати долгови во износ вкупна претплата за кој бил склучен Договорот, врз основа на последната издадена фактура од УКИОН а платена од страна на Клиентот.
Договорни пенали за договор склучен на 2 (две) години
- Да плати надомест за договорни пенали како обештетување на име инсталација и сетирање во износ од 6100 денари доколку го раскине договорот во првата година од времетраењето утврдено со Анекс на Договорот.
- Да плати надомест за договорни пенали како обештетување на име инсталација и сетирање во износ од 3050 денари доколку го раскине договорот по првата година од времетраењето утврдено со Анекс на Договорот.
Договорни пенали за договор склучен на 1 (една) година
- Да плати надомест за договорни пенали како обештетување на име инсталација и сетирање во износ од 6100 денари доколку го раскине договорот во првите 6 (шест) месеци од времетраењето утврдено со Анекс на Договорот.
- Да плати надомест за договорни пенали како обештетување на име инсталација и сетирање во износ од 3050 денари доколку го раскине договорот по првите 6 (шест) месеци од времетраењето утврдено со Анекс на Договорот.
За раскинување на договорот и прекинување на правото на пристап и користење на услугите, треба да испратите "Барање за раскинување" со испраќање е-маил на support@ukion.mk. Од сигурносни причини, УКИОН бара да ја докажете автентичноста на вашите податоци кога се откажувате и да ги платите сите преостанати долгови и трошоци. Доколку не го сторите тоа, вашето барање за откажување на услугата нема да биде обработено и вие ќе треба да ги платите сите давачки и трошоци кои ќе ви се насоберат се додека целосно не ја извршите потврдата на автентичноста на податоци. Ве молиме имајте во предвид дека откажувањето на одредени услуги не значи и откажување на сите услуги поврзани со вашата корисничка сметка.
УКИОН може да го прекине овај Договор и/или правото на пристап и користење на услугите, делумно или целосно, во било кое време и од која било причина. УКИОН го задржува правото, но не и одговорноста, да ја суспендира или да ја укине вашата услуга ако вашиот сајт придонесе до ненадејно значително намалување на системските ресурси (пример DDоS напад), а што според УКИОН ја намалува можноста за обезбедување услуги на другите клиенти. УКИОН го задржува и правото веднаш да го прекине овај Договор и/или вашето право за пристап и користење на некоја од услугите, делумно или целосно, доколку се испостави дека сте ги злоупотребувале вработените на УКИОН. По истекувањето или завршувањето на услугите од било кој страна и од било која причина а) УКИОН ќе прекине со обезбедување услуги, б) вие немате право на рефундирање на средствата и на давачките за користење на услугите, ниту пропорционално ниту на било кој друг начин, освен во случај УКИОН да ги прекине услугите без никаква причина и в) секој долг за вашето користење на услугите се до завршувањето или истекувањето на услугите ќе мора да се плати веднаш и во полн износ.
20. Нема префрлување на права и обврски од страна на клиентите
Клиентот неможе да ги префли правата и обврските на овој договор на друго лице без претходна писмена согласност од страна на УКИОН, која може со своето право на слобода на одлучување да го одбие тоа. Било кој обид од страна на клиентот да ги префрли правата и обврските без претходна писмена дозвола ќе се поништи и ќе се смета за неважечки. УКИОН може да го изврши префрлувањето на правата и обврските на Договорот, што ќе биде валидно веднаш откако Клиентот ќе ја добие писмената дозвола.
21.Нема права и поволности за трета странка
Ниту една точка од овој Договор не вклучува и не предвидува права и поволности за каква било трета страна.
22. Слаби страни на веб сајтот
Ако вашата веб продавница е цел на DDoS или на некој друг напад, вие му одобрувате на УКИОН да ги извршува процесите за ублажување на последиците од нападите, со или без известување до Вас, и без одговорност за какво било задоцнување или прекин на услугите. Таквите процедури може да вклучат на пример, исклучување на вашата веб продавница со цел да истата да се изолира во карантинскиот сервер, воведувајќи ACL (контролна листа за пристап), IP филтрирање, IP блокирање, или било кои други техники за олеснување на последиците, кои се потребни за да ги блокираат нападите на DDoS или други напади. Понатаму, овие техники ќе бидат активни се додека не поминат најмалку 72 часа откако вашата веб продавница ќе работи континуирано и без проблеми, односно ќе има “нормален” сообраќај.
Ако вашата веб продавница е ставена во карантин серверот, таму ќе остане минимум 72 часа. По почетниот период од 48 часа, УКИОН ќе го прегледа целиот сообраќај кон вашата веб продавница. Ако се дојде до сознание дека постојат дејствија кои можат да му наштетат на вашиот сајт, УКИОН има право да ја задржи вашата веб страна во карантинскиот сервер се додека не поминат дополнителни 48 часа на континуирано финкционирање, без проблем и со “нормален” сообраќај.
23. Политика на пренос
УКИОН дозволува пристап до корисничката сметка единствено на назначениот сопственик или Овластениот застапник на таа сметка, без оглед дали некој друг ја одржува, плаќа или раководи со корисничката сметка. “Сопственикот” на сметката е личност чие име е искористено при креирањето на корисничката сметка. Само Сопственикот е овластен да го пренесе правото на сопственост на УКИОН продавница или другите услуги. УКИОН не е судски орган и затоа нема да пресудува или решава спорови помеѓу потенцијалните Сопственици. Ако настане спор за правата на Сопственикот на продавницата или услугите, УКИОН ќе дејствува со согласност со судска пресуда или со спогодбен Договор.
За да се пренесе правото на сопственост на УКИОН продавница, ќе ни треба потпишана копија од формуларот за префрлување на право на сопственост, заверена на нотар. Како алтернатива, може да испратите копија од Договор заверен на нотар или Договор за продажба потпишан од стариот и новиот сопственик, се додека се споменува корисничката сметка на УКИОН како дел од Договорот за продажба. Потребната документација испратете ја на support@ukion.mk и/или на поштенската адреса на УКИОН со назнака за промена на корисничката сметка.
Ако клиентот користи посебен или сопствен SSL сертификат, постоечкиот SSL сертификат неможе да се пренесе од постоечката на новата корисничка сметка. Ќе мора да се додаде нов сертификат на новата нарачка, или истиот подоцна да се купи на http://www.ukion.mk. Имајте вo предвид дека продавницата ќе биде достапна на новата привремена адреса во рок од 72 часа, додека трае ажурирањето на новите сетирања.
Во прилог, е-маилот неможе да се пренесе заедно со податоците за продавницата. Ви препорачуваме пред да побарате пренос, сите е-маилови и важни информации од е-маилот да ги префрлите во локална архива. Ако имате некое прашање како да го сторите тоа, исконтактирајте го одделот за техничка поддршка. Ве молиме, имајте во предвид дека штом новиот Сопственик направи ново барање (нарачка) за Продавница, истата (постоечката) да ја поставите во мирување - статус: одржување (Maintenance) и да се воздржите од административни ажурирања, бидејќи новите податоци поставени за време или по процедурата на копирање може да не се појават во продавницата на новиот сопственик и/или може да доведе до двојни податоци и ID адреси. Ова исто така ќе ја стави во мирување можноста за нарачување (купување) од продавницата, за да не дојде до дополнителни проблеми од аспект на неважечки или нецелосни трансакции поради процесот на пренос на податоците.
24. Разрешување на евентуални спорови
Секое несогласување помеѓу договорните страни ќе се решава спогодбено, а во случај на спор надлежен ќе биде судот во Скопје.
Последна ревизија: 22 Декември, 2014
Претходната верзија "рев. 22 Maj, 2013" на договорот може да ја прегледате тука.
Претходната верзија "рев. 27 Јуни, 2012" на договорот може да ја прегледате тука.