Чекор по чекор до успешна нарачка!
1. Одберете пакет од менито Цени и пакети кој е најсоодветен за вашиот бизнис и кликнете на "Нарачај".
Потоа селектирајте го времетраење на договорот - 24 или 12 месеци.
2. По додавањето на производот во кошничката,
ќе ви биде прикажана страницата со нарачаниот пакет. Доколку сакате да додадете дополнителни опции како јазик или слично, селектирајте ги соодветните додатоци.
3. Во кошничката за купување, прегледајте гo пакетот и додатоците кои сакате да ги нарачате.
Ако сакате да го промените нарачаниот пакет, во кошничката кликнете на "Измени". За одстранување на некој додаток одселектирајте го соодветниот додаток (обратно од додавањето).
Кога е завршено одбирањето на пакетот и додатоците кои сакате да ги нарачате кликнете на "Продолжи со нарачката"
4. Нареден чекор е пребарување на домен.
На располагање ви се 3 опции:
- Регистрација на нов домен - одберете ја оваа опција доколу не поседувате домен (на пример www.mojaprodavnica.mk). Ако доменот е слободен за регистрација ќе можете да продолжите со нарачката. Оваа опција дополнително се доплаќа.
- Пребарајте слободен под-домен (subdomain) - одберете ја оваа опција доколу не сакате домен или сакате продавницата да ја поврзете на постоечка страна(на пример myshop.ukionshops.com). Оваа опција влегува во цената на пакетот.
- Доколку веќе сте регистрирале домен и сакате продавницата да се вчитува на тој домен - одберете ја 3-тата опција
5. Веќе сте при крај. Наредно ќе треба да ги внесете вашите податоци и податоците за вашата фирма/компанија
- Ако веќе сте нарачувале од овој сајт одберете - Постоечки корисници.
- Во спротивно одберете Нови корисници - за да ги внесете вашите податоци и податоците за вашата фирма/компанија
6. Избор на начин на плаќање и комплетирање на нарачката
Во овај последен чекор имате увид во целокупната нарачка (избраниот пакет, домен, времетраењето на договорот, циклусот на плаќање), избирате начин на плаќање и се сложувате со условите и полисите на УКИОН. Потоа ја потврдувате нарачката или ако плаќате со кредитна картичка продолжувате кон процесинг системот за плаќање.
7. Нарачката е комплетирана.
За истата ќе добиете известување по e-mail порака која ќе ја потврди вашата нарачка, ќе ја добиете вашата фактура и доколку веќе сте ја платиле известување за уплата.
Вашите нарачки, вашите пристапни податоци и фактури понатаму ќе можете да ги следите на my.ukion.mk