1. Како функционира продажбата преку интернет?
Продажбата преку интернет функционира на следниов начин:
- Купувачите преку веб продавницата ви ги праќаат своите податоци и производите кои сакаат да ги купат.
- Во посебна секција на сајтот наменета за продавачи/трговци добивате преглед на актуелните нарачки.
- Нарачките пристигнуваат и на емаил на продавачот.
- Купувачите на производи можат да ја платат нарачката со кредитна/дебитна картичка веднаш преку веб продавницата или да добијат фактура на емаил која ја плаќаат вирмански или преку трансакциона сметка во банка.
- Доколку производот е во дигитална форма (музика, книга, видео, софтвер) купувачите по плаќањето можат да го спуштат (download) купениот производ.
- Доколку за производот е потребна испорака, по плаќањето сопственикот на продавницата преку користење на поштенски или други сервиси за испорака или самостојно го испорачува производот.
2. Што е се потребно за да се отвори интернет или веб продавница?
Со UKION SHOPS ви се потребни само производи/услуги или сервиси кои ги продавате или нудите, компјутер поврзан на интернет и банкарска сметка* каде сакате да ви стигнуваат парите. Се друго обезбедуваме ние.
3. Што е опфатено со Вашето решение за интернет продавници (web shop)
Нашето решение опфаќа:
- Готова интернет продавница за продажба преку интернет со
- професионален дизајн,
- флексибилен продукт каталог
- 0% провизија,
- 100% заштита при трансакција, и
- интегрирано плаќање директно на ваша банкарска сметка*. - Интернет адреса, и простор на интернет (cloud солуција)
- Упатство и техничка помош за тие што ја ажурираат продавницата
- Сите додатни услови кои се потребни за развој на интернет продавницата.
- Сите карактеристики - тука.
4. Како податоците за производите се поставуваат и ажурираат на сајтот?
Податоците за производите/сервисите или услугите (име, цена, количина, карактеристики, опис, опции за производ, количински и акциски попусти) се поставуваат на сајтот преку едноставена администраторска страна/формулар каде се поставуваат сите податоци за производот и категорија каде припаѓа. Администраторскиот дел се наоѓа во посебен дел на интернет продавницата наменет за продавачите/трговците. Внес на производ може да прави секој со минимално искуство од office апликации и интернет. Доколку внесот на податоци ја прави нашиот тим, таа услуга дополнително се наплаќа според официјалниот ценовник на УКИОН.
5. Како е решена испораката на производи?
Испораката на производ ја организирате вие како фирма/трговец, исто како и за секоја нарачка на фактура или профактура (плаќање однапред). Можете да користите и некои од услугите на поштенските и курирските служби за испорака, кои постојат во нашата земја или вашиот град. Сопственикот на продавницата - трговецот (администраторот) - однапред ги дефинира начините на испорака и нивните цени, а крајниот корисник (купувачот) ги избира при пополнување на формуларот за нарачка. Во зависност од типот на производите и локацијата, може да се комбинираат наведените начини на испорака погоре.
6. Колкава е цената на испораката и рокот на испорака?
Цената на испораката ја дефинирате вие и може да зависи од неколку фактори: тежината на пакетот, големина на пакетот, поштенските или дистрибутивните трошоци кои ги имате за нормални испораки, или доколку вие така сте определиле, можете да користите опција за подигнување на производите од магацин/продавница или пак да вршите бесплатна испорака за вашите производи. Ако користите поштенска или куриска служба цената зависи од ценовникот на соодветната служба. Цената за најразлични типови на испораки влегува во цената на нарачката и во вкупниот износ на нарачката. Рокот за испорака на поштенските и курирските служби е најразличен и може да се движи од 1 до 7 дена. Ако испорачувате преку ваша интерна служба вие си го дефинирате рокот на испорака.
7. Како е решено плаќањето?
Плаќањето е решено на 3 начини, преку кредитна/дебитна картичка поврзана со ваша сметка во банка*, преку фактура, плаќање по испорака. Постои можност и за нарачка на производ без плаќање (бесплатно).
- Во однос на плаќањето преку кредитна картичка купувачит веднаш врши уплата на ваша сметка дирекно преку интернет продавницата.
- Во однос на плаќањето преку фактура, купувачот по нарачката ја добива фактурата по емаил, потоа треба да уплати пари на ваша сметка, и откога уплатата "ќе легне" на ваша сметка, вие му ги праќате производите кои ги нарачал.
- Кај плаќањето при испорака купувачот ги плаќа производите при испораката (преку курир или при превземање), а курирот потоа тие пари ги уплаќа на вашата сметка. При тоа мора да внимавате купувачот да Ви даде вистински податоци за испорака и да ви ја потврди нарачката.
Препорачливи се начините преку фактура или кредитна/дебитна картичка.
8. Што ако купувачот не го превземе пакетот?
Поштата или курирот ви го враќа пакетот, доколку е потребно правите поврат(сторно) на вашата сметка и ги сносите трошоците за испорака. Овие трошоци претставуваат ризик секогаш кога се користи опцијата плаќање при испорака. Со претходна телефонска проверка на нарачката го намалувате ризикот да дојде до овој проблем.
9. Имам многу производи. Дали ажурирањето на цените и на производите може да се автоматизира?
Постојат 2 начини на автоматизација на ажурирањето.
- Целосна автоматизација - Поврзување на интернет продавницата со вашиот POS или ERP систем
- Делумна автоматизација - Мануелно импортирање на ценовник во excel (.CSV) формат во соодветна однапред пропишана форма.
И двата начина не спаѓаат во цената на интернет продавницата и се наплаќаат дополнително по барање на трговецот според важечкиот ценовник на УКИОН.
10. Дали постои можност за автоматско ажурирање на состојбата во магацин?
Да, од интернет продавницата може да ја експортирате последната состојба во excel датотека (.CSV) во однапред пропишана соодветна форма и да ја импортирате во вашиот софтвер за водење на магацин. Оваа опција не спаѓа во цената интернет продавницата и се наплаќа дополнително по барање на трговецот според важечкиот ценовник на УКИОН.
11. Колку се вкупните трошоци за сетирање и отворање на интернет продавница или веб продавница?
Сетирањето и отворањето на интернет продавница за вашата компанија/фирма е потполно бесплатно и плаќате само месечна претплата соодветно на времетраење на договорот (24 или 12 месеци). Внесувањето на производите не спаѓа под сетирање на продавницата и истото го правите вие.
12. Дали постојат некои дополнителни трошоци кои ги немате прикажано?
Не, сите трошоци и цени се наведени на официјалниот ценовник за закуп на интернет продавници.
13. Која ќе биде мојата интернет адреса или име на доменот?
Отворањето на интерет продавница подразбира бесплатна адреса од типот:
http://vasafirma.ukionshops.com
Ако сакате можеме да ви регистрираме и ваш домен од типот www.vasafirma.mk или други (за повеќе информации погледнете под главното мени - домени), кој ќе ги поврземе со вашата интернет продавница. Доколку веќе поседувате домен ќе треба да го пренасочите на својата продавница на начин објаснат во упатството.
14. Да ли можам да имам сопствен дизајн на интернет продавницата?
Да. UKION SHOPS нуди најразлични типови на дизајни за сите дејности кои се вклучени во пакетот и се бесплатни за користење. Основното прилагодување на дизајнот - поставеност на елеметите, логото, позицијата, текстот, банерите и некои други ситници ги дефинирате и менувате вие. Постои можност и дополнителна нарачка на професионален дизајн шаблони. Исто така, постои и можност за дизајн по ваша мерка - кој ќе одговара на вашиот бренд и истото се наплаќа дополнително според важечкиот ценовник на УКИОН односно 25 евра / час + 18% ДДВ
15. Веќе имам сајт. Како можам да ја интегрирам продавницата на веќе постоечки сајт?
Има 3 можности:
- да ја пренасочите својата интернет адреса (домен) на интернет продавницата и постоечката содржина на вашиот сајт да ја интегрирате во интернет продавницата (продукти/описи/локација/референци и слично)
- да креирате суб-домен (на пример: shop.vasastrana.mk) на постоечкиот ваш домен каде што ќе се вчитува продавницата
- на постоечкиот сајт да поставите линк до вашата интернет продавница
16. За кого е наменето ова решение?
Ова решение за интернет продавници е наменето за сите продавачи, трговци, агенции што нудат аранжмани, стопанственици, производители и слично, кои имаат визија за ширење на своето работење и продажба преку интернет без разлика на големината на фирмата и видот на производот/услугата или сервисот кој го нудат. Нема никави посебни барања. За користење на нашиот систем не се потребни вработени со технички предзнаења, интернет продавницата може да ја води секој канцелариски работник со минимално знаење за работа со компјутер и интернет.
17. Дали се можни дополнителни доработки и модификации според потребите на клиентот?
Да. Дополнителните барања за доработки, надградба, надополнување, модификации, дополнителни функции, дополнителни модули и интервенции се наплаќаат според важечкиот ценовник на УКИОН односно 25 евра / час + 18% ДДВ