Маркетинг
Доколку поседувате веб страна, вие веќе го маркетирате вашиот бизнис. Но, ако веб страната не привлекува доволно посетители или не нуди соодветна интеракција со вашата таргет група, тоа е исто како вашата компанија да не постои. Контактирајте не уште денес за да дознаете како интернет маркетингот ќе ја подобри вашата компаниска позиција и ќе ви генерира зголемување на продажбата и профит.
Оптимизација за пребарувачи - Search Engine Optimization (SEO)
SEO е процес на подобрување на количината и квалитетот на посети на вашата веб страна преку пребарувачи како Google, Bing, Yahoo итн.. Вообичаено, поскора SEO оптимизација на вашата страна (оптимизирање при пуштање на страната во употреба), ќе резултира со повисоко рангирање при пребарувањето, а со тоа и зголемен број на посети на вашата веб страна. SEO оптимизацијата денес е сложен процес и не се состои само во сетирање на клучните зборови за пребарување и опис на компанијата или услугите/производите, туку е многу повеќе од тоа. Секој може да го постави вашето уникатно компаниско име на првата страна при пребарувањето, но вистинската SEO вредност се состои од тоа да, вашата веб страна се покажува при пребарување на зборови кои го опишуваат вашиот бизнис или вашите производи и услуги. Тоа е она што ја разликува нашата компанија од другите.
Плаќање по клик - Pay Per Click (PPC)
Pay Per Click (PPC) е интернет маркетинг модел кој се користи за генерирање реклама (текстуална или рекламен банер) на соодветни пребарувачи (search engines), маркетинг мрежи, блогови и слични контент страни каде огласувачот плаќа само доколку посетителот кликне на рекламата за да ја посети страната на огласувачот. Маркетинг агентот го антиципира таргетниот пазар или ги користи иструкциите на огласувачот за креирање клучни зборови, кои ќе резултираат со прикажување на рекламата при пребарување на соодветната услуга или производ. Кога посетителот пребарува некој термин или посетува релевантна страна која се поклопува со вашите клучни зборови, тогаш вашата реклама може да се појави на соодветно определено место. Овие реклами наречени "Sponsored links" или "sponsored ads" се појавуваат над природните резултати од пребарувањето или на десната страна од пребарувањето или на посебно доделено место на соодветна интернет страна или блог (дел од маркетинг мрежата). Доколку се одбере прикажување на Pay Per Click рекламата како рекламен банер (Google AdSense или Yahoo! Publisher Network), таа ќе се прикажува на соодветни интернет страни кои обработуваат релевантна содржина на услугата/производот на огласувачот а не како резултат од некое пребарување (пр. доколку се продаваат компјутери, рекламата ќе се појавува на интернет страни за компјутери).
УКИОН ќе ви помогне при планирање, имплементирање и следење на pay-per-click кампањата со цел максимизирање на вашиот поврат од вашата pay-per-click инвестиција.
Маркетинг на социјални мрежи - Social Media Marketing
Создавањето заедница од редовни или потенцијални клиенти е секогаш предност за вашиот бизнис. Социјалните мрежи се одлични алатки за промоција на вашата компанија и вашите производи или услуги. Овие мрежи ги сочинуваат мрежи како Twitter, Facebook, YouTube и слични, како и популарни блогови, вики (wikis) и мултимедијални сајтови за споделување на најразлични содржини. Овие заедници постојат за интеракција и дружење на луѓето од најразлични области преку: споделување на медиа - слики, музика, видео, размена на линкови и информации, споделување мисли и критики и најбитно за бизнисите - обезбедуваат линкови до веб-сајтовите што според нив се корисни и релевантни.
Доколку се користи ефикасно, маркетингот на социјалните мрежи може да ја зголеми компаниската експозиција и значително да го зголеми пристапот до вашата веб страна. Но, мора да ви укажеме дека неколку постови на facebook или twitter нема да направат чудо за вашиот бизнис. На социјалните мрежи треба да им се пристапува внимателно, бидејќи тие се составени од реални луѓе кои со своето дејствување можат значително да влијаат на успехот на вашата компанија. Искуството на УКИОН ќе ви помогне во искористување на бенефитот на се позначајната моќ на социјалните мрежи.
Е-маил Маркетинг
Водењето на успешен бизнис значи посебно внимание и грижа на сите ваши редовни и потенцијални клиенти. Со одржувањето персонален контакт со секој ваш клиент, значително можете да ја унапредите и зголемите продажбата на вашите производи или услуги. Е-маил маркетингот е ефикасна ПР (Public Relations) техника, персонално таргетирана, додавајќи повеќе вредност на вашите производи и услуги. Исто така, е-маил маркетингот е одлична алатка за добивање повратни информации од клиентите. Е-маил маркетингот можете да го користите за:
- Е-маил новости (newsletters) кои привлекуваат и поттикнуваат продажба;
- Промоција на попусти, доделување купони за попусти и промоции на нови производи и услуги;
- Персонална е-маил покана за важни компаниски настани
Интернетот како најпопуларен медиум, привлекува најразлични илегални е-маил маркетинг активности - наречени СПАМ (непосакуван рекламен материјал испратен во неограничени количини), junk е-маил и сл. (Спамирањето е забрането во скоро сите земји). СПАМ-от е постојан проблем на глобалната интернет мрежа и најчесто е филтриран од многу интернет провајдери така што завршува директно во корпата за отпадоци или во посебен СПАМ дел на вашето е-маил сандаче. Зошто е ова важно? Самостојното креирање на е-маил маркетинг кампања може да биде ризично и набрзо означено како СПАМ, при тоа губејќи ја маркетиншката цел и можноста да стигне до таргетирана група на корисници. УКИОН користи само верифицирани и докажани методи за е-маил маркетинг, така што вашата УКИОН маркетинг кампања ќе биде успешно спроведена до целиот таргетиран пазар.
Прашалник/анкета според вашите потреби
Интернет анкетите и прашалниците на УКИОН се уште еден иницијативен начин за поттикнување на клиентите и детерминирање на нивните потреби и желби. Креирате нов производ или услуга? Истражувате пазар? Потребни ви се браинсторминг идеи? Повратна информација (feedback)? или ги следите барањата и желбите на потрошувачите? Прашалникот/анкетата создадена според вашите потреби ќе ви овозможи полесна антиципација на иднината и подобрување на вашата стратегија, фокус и успех. Контактирајте не уште денес за повеќе информации и понуда.
Публикување на новости / компаниски блог
Компанискиот блог ќе ја подобри вашата интернет позиција, промоција и ќе ви овозможи креирање на сопствена интернет заедница на лојални и идни клиенти. Комбиниран со маркетингот на социјалните мрежи, може да се користи како многу моќен ситем за генерирање новости и информирање на клиентите за вашите промоции или за новите производи и услуги. Веќе не е потребно да користите скапи и комплексни интернет системи за да ги споделувате новостите, најавите, настаните или другите компаниски информации. Неколку клучни аспекти за блог системот:
- RSS канали и други форми на споделување на информации кои можат да влијаат на зголемување на видливоста и рангот на вашата веб-страна.
- Таргетирани клучни зборови или креирање на клучни зборови според содржината на вашиот блог а кои се специфични или релевантни за вашиот бизнис. Ова резултира со повредни (повисоко рангирани, представени на првите неколку страни на пребарувачот) резултати при пребарување, кога потенцијалниот клиент пребарува производи исти или слични на вашите.
- Таргетирано постирање или споделување на прес на сајтови поврзани со вашиот бизнис или индустрија. Ова овозможува и интернет пребарувачите и вашите клиенти полесно да го пронајдат вашиот сајт.
УКИОН ќе соработува со вас во промоцијата на вашиот бизнис со креирање и интегрирање на компаниски блог и/или организирање прес кампања на новости и известувања кои ќе бидат креирани да генерираат pinback линкови и да привлечат повеќе корисници на вашата интернет страна.
Ние исто така ќе ви помогнеме во креирањето на RSS канали и креирање на таргетирани клучни зборови и таргетирани постирања, се со цел за обезбедување поголеми бенефиции за вашиот бизнис.
Овие маркетинг алатки можат да се комбинираат меѓу себе на начин што ќе формира моќен маркетинг синергетски систем - колку повеќе маркетинг алатки комбинирате, доколку повеќе бенефиции ќе добиете. Ние можеме да ги интегрираме овие различни маркетинг алатки и значително да ја подобриме вашата компаниска репутација, да ја унапредиме промоцијата на вашиот бизнис и да ви овозможиме максимилен поврат на вашите инвестиции. Контактирајте го УКИОН уште денес за повеќе информации и маркетинг понуда.