Дали за услугите гарантирате со враќање на парите?
Да. Можете да ги користите нашите хостинг услуги 30 дена без никаков ризик бидејќи ви нудиме враќање на уплатените средства доколку не сте задоволни од услугата. Единствено што ќе ве запрашаме е од што не сте задоволни за да можеме да ги подобриме нашите услуги во иднина.
Зошто не нудите неограничен "unlimited" простор или месечен трансфер?
Затоа што ние не продаваме повеќе од хардверските и мрежните можности (Не постои неограничен хардвер и мрежа - со тоа не постои и неограничена понуда). Ние не хостираме илјадници корисници на еден сервер што би резултирало со чести прекини на мрежата, намалена достапност и бавен трансфер на податоци. Ви ги нудиме сите ресурси што сте ги купиле. Ништо помалку. Гарантирано со SLA.
Како можaм да платaм за вашите услуги?
Прифаќаме (Visa / Visa Electron, MasterCard, Maestro) кредитни и дебитни картички, вклучително и плаќања преку трансакциона сметка (фактура за правни и физички лица).
Кога ќе биде активиран мојот хостинг акаунт?
Сите хостинг акаунти се активираат истиот ден, најчесто неколку часа по наплатата (ова најмногу зависи од контролата против измама). За активацијата ќе бидете известени со иницијален е-маил кој ќе ги содржи вашите хостинг детали. Доколку не добиете е-маил најмалку еден час по нарачката, ве молиме контактирајте го нашиот тим за поддршка кој ќе ви помогне понатаму со активационата постапка.
Дали ќе ги префрлите моите податоци на новиот хостинг?
Да, доколку претходниот хостинг е Linux базиран (Ве молиме прочитајте ги нашите хостинг карактеристики). Префрлувањето на Вашите податоци е вклучено во цената. Едноставно подигнете тикет со назнака 'Префрлување на хостинг податоци' по логирање во корисничкиот центар.
Дали обезбедувате поддршка за вашите услуги?
Да, и тоа поддршка по телефон, тикетинг систем, и е-маил. Најефикасен начин на поддршка е тикетинг системот или користење на е-маил за поддршка, со тоа се овозможува да се следи проблемот и веднаш да се додели на најрелевантниот член на нашиот тим. Тоа исто така ни овозможува контрола на квалитетот на нашиот тим и избегнување на потенцијалните фрустрации на нашите клиенти доколку е потребно неколкукратно објаснување на проблемот по телефон.
Што е тоа Премиум Простор?
Ние не користиме обични PC компјутери како основа за нашиот хостинг. Хостингот на УКИОН користи бизнис класа HP DL380G6 сервери базирани на Intel Xeon процесори со вкупно 8 јадра по сервер и супер брзи SAS дискови во Raid10 мод, на што вашите интернет страни едноставно ќе летаат. Сето тоа е надополнето со Gigabit-на мрежна конекција за постигнување на најдобри перформанси. Затоа нашиот хостинг простор гордо го нарекуваме Премиум Простор.
Дали може да се промени хостинг пакетот подоцна?
Апсолутно! Доколку имате потреба можете да го промените вашиот хостинг пакет во секое време без дополнителни плаќања, освен за ценовната разликата помеѓу пакетите за преостанатиот период од договорот.
Гарантирате 99.9% SLA uptime?
Да, но за тоа постојат неколку услови. Следете го линкот за да прочитате повеќе за нашиoт Договор за Ниво на Испорачана Услуга (SLA).
Дали ги менаџирате новите/неискусни корисници?
Нашите хостинг услуги се продават со едноставен за користење контролен панел и притоа се подразбира дека корисниците треба да имаат барем основни компјутерски знаења. Ние ги сетираме и менаџираме нашите корисници и доколку се појават - ги решаваме проблемите, но секое друго барање или совет за услуги надвор од хостинг услугите (инсталација на скрипти, SSL, веб дизајн и развој, е-комерц или интернет продавници, одржување на веб страни) ќе биде соодветно наплатено според важечкиот ценовник.
Сеуште имам прашања што не се одговорени!
Можете да не контактирате и со задоволство ќе одговориме на сите ваши дополнителни прашања.