Компанија
УКИОН ДООЕЛ е интернет ориентирана компанија со седиште во Охрид, основана 2009 година. Нашето работење покрива комплетни интернет услуги од: регистрација на домени, бизнис хостинг, SSL сигурносни сертификати, развој и изработка на едноставни и комплексни веб страни, веб апликации, веб продавници и интернет маркетинг. Ние, во УКИОН, веруваме во моќта на едноставноста. Едноставноста е лесна за користење, пристапна, добро изгледа, брзо се извршува и визуелно е привлечна. Ја вклучуваме во сите наши производи. Таа е наш стабилен фундамент. Со тоа, дури и производите кои се функционално комплексни, изгледаат едноставно, моќно и се лесни за користење.
Услуги и производи
На корисниците им е овозможено да одберат интегрирани интернет решенија и тоа:
- регистрација на домен име – TLD и ccTLD (интернационални)
- комплетни хостинг услуги (со дедицирана IP и/или со SSL заштита, поддршка)
- веб солуции (консултации, дизајн, развој, изработка, имплементација, оддржување, outsourcing)
- веб апликации (консултации, дизајн, развој, изработка, имплементација, оддржување, outsourcing)
- интернет продавници (е-commerce, web shop) пакетирани и комплетни солуции по мерка (custom)
- SSL сертификати (консултации, продажба, инсталација, одржување)
- интернет маркетинг (консултации, продажба, имплементација)
Визија
УКИОН ДООЕЛ е основана со визија за компанија која ќе понуди едноставност во интернет работењето.
Мисија
Ние, во УКИОН, вложуваме во инвенција и развој на производи и услуги кои ќе го забрзаат остварувањето на бизнис целите на нашите клиенти. Се фокусираме на перманентно зголемување на квалитетот и долгорочна деловна релација со нашите клиенти. Веруваме дека со тоа ќе обезбедеме раст и значајна нова вредност за – нашите клиенти, УКИОН и економијата во целост.
Наши Вредности
Посветеност - На успехот на нашите клиенти.
Иновација - Со едноставноста како фундамент.
Квалитет - Врвното не е доволно. Мора да се подобриме.
Интегритет - Нашата компанија и нашите клиенти како синергетски систем.
Доверба и персонална одговорност - во сите релации.
УКИОН Хостинг - Инфраструктура
Нашиот хостинг користи бизнис класа HP DL380G6 сервери базирани на Intel Xeon процесори со вкупно 8 јадра/по сервер и супер брзи SAS дискови, 1GBit (1000Mbit) мрежна конекција и 99.9% гарантирана (SLA) достапност на мрежата (uptime). Секој акаунт поседува сопствен Direct Admin контролен панел за едноставно менаџирање на хостингот и едноставна инсталација на WordPress, Joomla, Drupal, Форуми, Галерии, Е-продавници (Web Shop) и други скрипти. Исто така, нашата понуда на дополнителни интернет услуги ќе ви овозможи целосно ослободување од притисокот на вашиот ИТ департман.
Инфраструктура - детали:
- УКИОН користи сервери лоцирани во Лондон, Велика Британија, со минимизирано време на пристап (ping time) од 20ms до 95ms независно дали се пристапува од Европа или САД.
- Routing - Рутинг центарот е составен од серија Juniper MX240 сервери, конфигурирани целосно редундантно по парови, со двојно напојување на електрична енергија. Сите сервиси се поврзани со 1Gbps (1000 Mbps) мрежна конекција на 5 интернет провајдери (Tiscali, Telia, NTT/Verio, Interoute and Cogent) сето тоа обезбедено од Gyron Internet Ltd.
- Switches - Серверската мрежа користи Cisco Catalyst 4948 свичови. Оваа опрема обезбедува извонредни перформанси и стабилност за високоперформансните сервери. Исклучителната сигурност и сервисирање без прекин на работата се овозможени преку користење на hot-swap (можност за сервисирање без прекини во работењето на опремата) напојувања и hot-swap редундантни разладни системи.
- Напојување - За секој сервер се ангажирани двојни APC мастер напојувања, со што се елиминираат проблемите како: неавторизирана употреба на електрична енергија, блокирана опрема поради напонски промени, елиминирање на промени во напонот и потребата за сервисирање. Ова се постигнува со: индивидуална контрола на секој електричен извор (штек), контрола на прекините или одложена достава на енергија, перманентен мониторинг на напонот и тековните промени, дефинирани алармни прагови (напонски промени), менаџирање на мрежата и обезбедување на перманентна енергија од дополнителни напонски генератори за елиминирање на прекините на целокупната мрежа.
- Сигурност - Серверската самоодбранбена мрежа е изградена околу Cisco ASA 5500 (Series Adaptive Security Appliances), конвергентни firewall, IPS (Intrusion Prevention Systems), мрежен анти-вирус и VPN сервиси. Системот постојано го следи секое потенцијално оптоварување, мрежната активност и трансферот на податоци за да овозможи проактивно дејствување и елиминација на потенцијалната закана или напад пред тоа да се прошири на целокупната корисничка мрежа. Со други зборови, елиминацијата на секојдневните интернет ризици со кои се соочува вашиот бизнис ќе ви овозможи стабилна и флексибилна основа за успех и раст.
Контакт
УКИОН ДООЕЛ
П.ФАХ 66
ул. Димитар Влахов 6А
6000 Охрид
Македонија
контакт формулар
тел: +389 (0)70 787 850
е-маил:
Информации за банка
дб. МК4020009506875
Шпаркасе Банка АД Скопје
ж-ска 250-0001011279-46
ХАЛКБАНК АД Скопје
ж-ска 270-0647519101-86
УНИ БАНКА АД Скопје
ж-ска 240-1200023334-55
Начин на плаќање
- Кредитни / дебитни картички
- Фактура - трансакциска сметка
за физички и правни лица
Работно време:
Понеделник - Петок: 09 - 17 часот
Дополнителен контакт
За контакт преку e-mail ќе добиете одговор во најкраток можен рок или во рок од 72 часа.
Продажба:
Поддршка:
Плаќања:
Поплаки, жалби, забелешки, пријава на злоупотреба:
Корисни линкови
Webmail
Kориснички центар
ППК, Услови за користење, SLA
Во УКИОН, веруваме дека можеме да направиме повеќе. Од девелопери и програмери, креативни дизајнери, ИТ администрација, грижа за корисници до маркетинг и менаџмент, УКИОН поседува високо посветен и квалитетен тим кој работи заедно за да ги креира најиновативните интернет технологии и солуции. За таа цел, УКИОН постојано настојува да привлече, едуцира и задржи исклучително креативен и квалитетен кадар, кој ќе биде мотивиран континуирано да придонесува за долгорочниот успех на компанијата.
УКИОН инсистира на фер и недискриминаторен процес во регрутацијата и селекцијата на кандидати за вработување. Вработените се фундамент на нашиот успех и затоа на регрутацијата и селекцијата и пристапуваме многу сериозно.
Ако сте водени од успехот, поседувате креативност и сакате да работите во динамична работна средина, Ве молиме испратете Ваша апликација за работа со прикачено CV на следнава е-mail адреса:
Со испраќање на потребните документи влегувате во базата на потенцијални кандидати за вработување во УКИОН и вашите апликации ќе бидат предмет на обработка во процесот на селекција.
УКИОН ја почитува вашата приватност и таа е приоритет при апликацијата за работа. Доколку според Законот за заштита на лични податоци не се согласувате Вашите лични податоци да се зачуваат во базата за вработување, Ве молиме тоа да го наведете во вашата е-маил порака. УКИОН гарантира дека освен за процесот на селекција при вработувањето, Вашите лични податоци нема да бидат искористени за ниедна друга цел или пак изложени или на друг начин достапни на трети лица.