Login | Следи не на: |
Унапредувањето на продажбата започнува со вашата понуда. Најчесто користен метод за зголемување на продажбата е доделување на попусти на вашите производи, и истиот комбиниран во соодветен маркетинг микс може значително да ја зголеми и унапреди вашата продажба. Начините на маркетинг промоција помеѓу физичката и онлине продавница се многу слични. Атрактивните изложени производи во некоја продавница ве привлекуваат да ја посетете истата. Или производите поставени до касите во супермаркетите – ви сугериират да купите уште понекој производ. Слична е филозофијата и на онлине продажбата. Атрактивните производи ги истакнувате на насловната страна на продавницата. Исто така можете да понудите сугестивни производи при финализирање на продажбата. Значи, во основа принципите на физичката и онлине продавница се исти, само што со онлине продавницата постојат дополнителни можности за остварување на вашите цели.
Најпрво запрашајте се која е вашата компетитивна предност – што вас или вашите производи ве разликува од вашата конкуренција? Како можете да ја подобрите конкурентската предност? Начините ви се прикажани во продолжение на оваа статија.
1. Препорачани производи, Најдобро-продавани, Нови производи или производи на акција (попуст) на насловна страна.
Препорачаните – атрактивни производите на насловна страна се одлична можност за намалување на вашата стара залиха и исто така на вашите клиенти им посочуваат дека вашата продавница е динамична и редовно ажурирана. Истите може да бидат поврзани со сезоната на продажба, празник или некој значаен настан. Целта е потрошувачите да стекнат постојана навика за посетување на вашата продавница заради вашите препорачани производи или другите предложени производи (нови, најдобро-продавани, на акција-попуст) представени во вашата продавница. Па дури и тоа да се посети од вашата конкуренција, сето тоа оди во прилог на вашата интернет продавница бидејќи со самото зголемување на посетите – се подобрува вашиот ранг (google, yahoo, bing) на интернет пребарувачите – со што добивате дополнителна можност за зголемување на продажбата и преку интернет пребарувачите.
2. Попусти на определни производи – Акција.
Најкористен метод за унапредување на продажба. Сите сакаат да купуваат на попуст, без разлика на процентот на попустот. За купувачот со тоа се зголемува дополнителната вредност на производот – односно истиот производ што го посакувал и претходно и можеби што чинел двојно повеќе сега го има за помалку пари (заштеда при купување). Сепак вредноста на задоволството е двојно поголемо. Со тоа добивате повеќе задоволни купувачи, и добри препораки за вашата продавница. Интернет продавницата ви нуди и визуелно унапредување на продажбата на производите на попуст со што старата цена се пречкртува и се потенцира новата, намалена цена. Оваа метода на унапредување треба да се комбинира со дополнителна промоција на производите на попуст на социјални мрежи и рекламни флаери.
3. Сугестивни производи
Доколку на пример продавате спортска опрема (патики, маички, шорцеви), можете да ги искористите сугестивните производи за дополнително зголемување на продажбата. Ако купувачот нарачал патики – при нарачката може да понудите и маичка и шорцеви кои одговараат на бојата и моделот на патики со што ќе помогнете при финалната одлуката на купувачот и може значително да ја зголемите крајната вредност на нарачката на вашата продавница.
4. Бесплатна испорака доколу нарачате над определен износ
Статиситката покажува дека овај метод успешно ја зголемува продажбата на вашата интернет продавница. Износот со кој се добива бесплатна испорака мора да биде определен соодветно на цената на производите на вашата продавница и истиот има психолошко влијание на купувачот. Доколку продавате производи со ниска маржа, нереално е бесплатната испорака да ја поставувате на високо ниво и обратно. Така на пример доколку еден производ изнесува 700 ден, а бесплатната испорака е поставена на 1000 денари, многу веројатно е купувачот да нарача уште некој производ за да може да ја искористи бесплатната испорака – со што добивате задоволен купувач и зголемување на продажба.
6. Наградни поени при продажба
Со оваа метода покрај зголемување на продажбата ја зголемувате и лојалноста и задоволството на вашите потрошувачи. Определете соодветен број на наградни поени за секој производ кои купувачот ќе може да ги искористи за купување на некој иден производ сосема бесплатно.
7. Купони за попуст.
Можете да ги комбинирате за соодветен производ, за сезона, за определен празник и сл. Истите се наменети за определена група на потрошувачи, лојални на вас или на вашите партнери. Одличен метод да ја зголемите продажбата преку лојалните потрошувачи додека новите (нелојални) купувачи би ги купувале вашите производи по регуларна цена. Истите можете да ги објавите кај вашите партнери (интернет страни или физички продавници), печатени медиуми, социјални мрежи, преку емаил или преку пошта да ги доставите до вашите ценети потрошувачи.
8. Бесплатни – бонус производи и брошури
Доколку соодветен производ недоволно се купува или едноставно имате поквалитетен конкурентен производ на кој му е потребна дополнителна промоција – обидете се со понуда на бонус производи (тестери, бесплатни примероци и слично). Таквите промоции ќе им овозможат на вашите купувачи подобро да се запознаат со вашите посочени производи а со тоа ја зголемувате можноста за продажба и креирате соодветна компетитивна предност.
8. Партнерска (Affiliate) продажба
Како една од поважните функции доколку е поддржана од вашата продавница ви ја посочувам функцијата за партнери, препродавачи и промотери (комерцијалисти) на производи (affiliate). Оваа функција, како единствена понуда, ви дава можност да приклучите неограничен број на препродавачи кои ќе ги промовираат и продаваат вашите производи преку интернет на различни нивни канали за продажба (нивен веб сајт, блог, најразлични банери, линкови, facebook и слично). Со affiliate фукционалноста вие едноставно исплаќате провизија при секоја успешна продажба остварена по електронска препорака од страна на вашите препродавачи.
Секој производ (понуда) има определена цена и вредност. Со методите за унапредување на продажбата предизвикувате цената да се намали и да се зголеми дополнителната вредност за купувачите – задоволството од соодветен призвод. Иако интернет продавницата ви нуди зголемени можности за продажба преку најразлични методи, не заборавајте истите да ги комбинирате мегусебно и/или со традиционалните начини на промоција преку вашата физичка продавница, телефон, печатени медиуми, рекламни постери, брошури, флаери, беџови и сл.
Статијата е објавена во првиот регионален месечен магазин за стока за широка потрошувачка InStore бр.8. Автор на статијата е г-ин Виктор Устијаноски, извршен директор на УКИОН доо кој е долгогодишен познавач на трендовите во интернет трговијата во Македонија и на Балканот.
За комплетно заокружување на целокупниот бенефит на интернет продавницата, прочитајте гo и претходниот текст од УКИОН доо објавени во број 6 и 7 на Инсторе магазин или со клик на следниов линк: интернет трговија и грешки кои треба да ги избегнете.
Денес, интернет продавница во Македонија може да поседувате веќе од 20 евра месечно – во ukion.mk (се вклучено во цената), и доколку го споредите тој трошок со отворање на физичка продавница или со пропуштената можност (опортунитетен трошок) за унапредување на вашиот бизнис секако дека ќе се определите за платено решение.
Не е дозволено било какво копирање, прилагодување, уредување, трансформирање, публикување, објавување, реобјавување дистрибуција, редистрибуција, пренесување или прикажување во јавност на овој текст (во било која форма или медиум) без писмена дозвола од УКИОН доо.
Почитувани читатели, претприемачи и сопственици на фирми, во следните неколку редови, накратко колку што ми дозволува просторот ќе се обидам да ви појаснам зошто ви е потребна интернет продавница и кои се бенефициите од поседување на истата.
1. Ниски Трошоци и висок поврат на вложените средства. Интернет продавниците во споредба со физичките продавници се далеку поисплатливо решение за трговија. Трошоците за креирање и одржување на истите се само незначителна фракција од трошоците за физичка продавница. Со интернет продавницата заштедувате значајни средства кои можете да ги искористите за унапредување на продажбата или експанзија на вашиот бизнис. И истите сега ви се подостапни од било кога со UKION интернет продавниците со месечна претплата од веќе 1240 денари.
2. Зголемена продажба и конкурентност преку пониски – дампинг цени. Со интернет продавницата како што напоменав, ги избегнувате сите трошоци на физичката продавница. Отворањето на физичка продавница бара поголем обем на инвестиција. Со е-продавницата, покрај тоа што ќе извршите истражување на пазарот пред инвестирањето, со многу пониски трошоци ќе започнете да ги остварувате планираните цели и ќе креирате простор за подоцнежно отворање на физичка продавница доколку има потреба за тоа. Помалите трошоци резултираат со помали продажни цени на производите. А тоа пак доведува до зголемена конкурентност и зголемување на продажбата. Погледнете го примерот на Avon, Oriflame и сл. – Со години делуваат глобално преку трговски патници и каталошка продажба и сега на големо ги исцрпуваат сите бенефиции на интернет продажбата без притоа да поседуваат физички продавници насекаде низ светот (со одредени исклучоци).
3. Зголемување на вашиот пазарен потенцијал. За ова може да послужи претходниот пример со Avon и Oriflame – Веќе имате компанија и делувате/продавате или нудите услуги на одредено подрачје. Притоа со физичката продавница сте лимитирани на одредено пазарно подрачје, регион, град или населба. Како најлесно и со најмали трошоци да го зголемите опсегот на вашето пазарно делување? Едноставно, со интернет продавница. Веќе преку ноќ ќе го опслужувате целокупниот домашен, регионален па и глобален пазар. Значи за исти трошоци добивате огромна можност за поврат на инвестицијата бидејќи вашиот потенцијален пазар или ново креираниот мега-пазар е неколкукратно поголем.
4. Работно време 24/7. Интернет продавницата е секогаш отворена, 24 часа на ден, секој ден во годината. И за празник и за делник. Бидејќи модерниот начин на живот наметнува се помалку слободно време за слободни активности и шопинг, вашиот бизнис ќе има огромна придобивка од континуираното работно време. Добивате потенцијални купувачи кои немаат или не сакаат да трошат време за шопинг или поради тоа што имаат ограничено слободно време ќе ги прегледуваат или нарачаат вашите производи и услуги додека се на работа, во движење преку нивните мобилни уреди (таблет, мобилни телефони, лаптопи), од кафуле, од конкурентска продавница, во вечерните часови, за викенди и сл.
5. Атрактивна презентација на производи и услуги – Атрактивната презентација на производите и услугите има огромно влијание врз нивната продажба. Доколку сте голема компанија која може стилистички да го уредува физичкиот продажен простор на пример како Zara, Bershka, McDonalds и слични, нема да имате никаков проблем во презентација на вашите производи/услуги. Но најчесто малите и средните претпријатија имаат потешкотии во изнаоѓање на средства и креирање на моќна презентација со која ќе ја зголемат продажбата и ќе го изградат нивниот бренд. Интернет продавницата ви нуди неограничена можност за атрактивната визуелна презентација на производите преку слика (сликата вреди 1000 зборови) и дизајн со што се овозможува неколкукратно зголемување на обемот на продажба. Замислете само неодоливи слики на храна, пијалоци, торти, колачи, (во стилот што го користи McDonalds) играчки, компјутери, накит, козметика, облека.. Кој не би посакал да има таков производ?
6. Интернет Поттикната продажба. Според одредени статистики, продажбата поттикната преку интернет продавницата (web influenced) – за купување во физичката продавница се движи во просек до 42% со тенденција за пораст до 53% до 2014 год. Тоа значи компаниите што поседуваат интернет продавница забележале зголемување на продажбата во физичката продавница за 42% во однос на оние што воопшто не поседувале интернет продавница. Ова е сериозна причина да размислите што губите доколку не поседувате е-продавница.
7. Можност за зголемување на продажбата преку сугестивни производи и подароци. Интернет продавницата ви овозможува и дополнителна продажба преку понуда на сугестивни производи. Доколку имате интернет искуство сигурно сте налетале на слоганот купувачите ги купуваат и следните производи – На пример купувате мобилен телефон а сугестивни производи ќе ви бидат разни додатоци како футроли, торбички, мемориски картички, полначи за во автомобил..
8. Можност за продажба преку социјални мрежи и следење на навиките и желбите на потрошувачите. Интернет продавницата ви овозможува промоција на вашите производи преку социјалните мрежи како facebook, twitter и слични и тоа потполно бесплатно. УКИОН продавниците освен бесплатна промоција и споделување ви овозможуваат како дополнителна опција дури да продавате директно на Facebook. Социјалните мрежи се одлична можност за промоција на вашиот бизнис и вашите производи/услуги и зголемување на интересот за истите преку препораки, пофалби, like-ови, коментари, споделување на линкови и слики. Е-продавниците во комбинација со социјалните мрежи ви овозможуваат и следење на навиките и желбите на потрошувачите со тоа и поголема можност за таргетирана продажба на вашите производи.
9. Можност за дополнителна бесплатна промоција и продажба преку пребарувачи како google, bing, yahoo и слични. Огромен е бројот на потенцијални клиенти што случајно ќе “влетаат” во вашата продавница само преку пребарување на google. Пример, потенцијалниот клиент бара некој производ и во резултатите може да се појави линк до соодветен производ од вашата продавница. Па некогаш дури и да се нема намера да се нарача или купи, неодоливата визуелна презентација ќе го наведе потенцијалниот клиент во спротивното.
10. Одржување на вашата конкурентност – за на крај еден интересен статистички податок: 87% од купувачите во физичките продавници, трговски центри или супермаркети во Европа и САД ги споредуваат цените на производите што сакаат да ги купат преку интернет и истите доколку се поевтини ги нарачуваат од соодветната интернет продавница. Затоа не пропуштајте да продадете повеќе со инвестиција која неколкукратно ќе ви се исплати во иднина.
Распространетоста на интернетот, мобилната телефонија, постојаната потреба и желба за информации и динамичкиот животот наметнуваат нови трендови и во деловното работење. Трендовите носат задолжителни промени во тековните бизниси и постојана потреба од флексибилност и стратегиско прилагодување, во спротивно на долг рок се соочувате со пропаѓање и ликвидација на вашиот бизнис.
Повелете видете ја понудата на UKION.MK за отворање на интернет продавница по принципот “клуч на рака” и започнете со продажба ВЕДНАШ.
Статијата е објавена во првиот регионален месечен магазин за стока за широка потрошувачка IN Store бр.6. Автор на статијата е г-ин Виктор Устијаноски, извршен директор на УКИОН доо кој е долгогодишен познавач на трендовите во интернет трговијата во Македонија и на Балканот.
Не е дозволено било какво копирање, прилагодување, уредување, трансформирање, публикување, објавување, реобјавување дистрибуција, редистрибуција, пренесување или прикажување во јавност на овој текст (во било која форма или медиум) без писмена дозвола од УКИОН доо.
UKIONSHOPS е платформа за брзо и лесно поставување на Ваша сопствена интернет продавница која е стабилна и обемна со функции кои се многу важни за подобрување на вашата интернет продажба. Како една од поважните функции ви ја посочуваме функцијата за партнери, препродавачи и промотери (комерцијалисти) на производи (во светот познати како афилијатори (affiliate) ). Оваа функција, како единствена понуда, ви дава можност да приклучите или да се приклучат колку сакате препродавачи кои ги промовираат и продаваат вашите производи преку интернет на различни нивни канали за продажба (нивен сајт, блог, најразлични банери, линкови и слично). Со affiliate фукционалноста можете исто така да поставите и провизија на продажба која ја зема препродавачот при секоја успешна продажба.
Различни партнери-препродавачи прават различни продажби, некои повеќе, некои помалку и вие ќе можете да ја стимулирате продажбата со сетирање на поединечни провизии за секој од партнерите. Значи се е можно и флексибилно. Исплатата и начинот на исплата преку affiliate функцијата ја одредувате исто така Вие – може да биде преку фактура на месечно ниво, на одредена постигната договорена сума и слично, зависно од договореното со одредниот препродавач.
Препродавачите ги менаџирате преку администраторскиот панел на UKIONSHOPS платформата. Секој кој сака да биде препродавач на Вашите производи може исто така да отвори своја партнерска сметка за продажба на вашите производи. Вие како администратор на системот мора да ги одобрите пријавените препродавачи и да ги направите потребните сетирања за провизија која ќе ја добиваат партнерите. Последователно системот по емаил ќе им ги испрати линковите кои препродавачите ќе ги користат за промоција и продажба на производите. Партнерите во секое време може да ја видат состојбата на продадените производи, а со тоа и процентот што го здобиле како affiliate во Вашата продавница.
Едноставно е - ако биде кликнат линкот од некој производ – промовиран од Ваш препродавач на одредени веб страници, блогови, форуми и слично, води во вашата продавница точно на тој производ. Ако тој што кликнал на линкот го купи тој производ или производи одобрени за тој препродавач, препродавачот зема процент од продажбата, а вие го зголемувате обемот на продажба.
Ако ви треба дополнителни информации околку affiliate функционалноста на UKIONSHOPS Ве молиме слободно поставете прашање на нашиот центар за подршка.
UKIONSHOPS интернет продавница може да закупите со нарачка и плаќање преку интернет со кредитни/дебитни картички или фактура.
Нарачајте веднаш UKIONSHOPS и зголемете ја неколкукратно вашата продажба и вашите приходи!
УКИОН со својот проект – UKIONSHOPS – web shops on a cloud – беше единствената македонска компанија избрана за презентација на EUREKA venture форумот во Истанбул, во конуренција од околу 40 компании од цела Европа.
ЕУРЕКА Форумот се одржа во Истанбул на 19 октомври 2012 година и истиот има активна улога во европската иновациона сцена поттикнувајќи го start-up-от, развојот на технологијата и растот на претприемништвото преку контакт со инвеститори и експерти од најразлични области.
Листа на компании кои беа избрани да презентираат на овој евент.
UKION SHOPS е иновативна, моќна, едноставна за користење и економски достапна “cloud” платформа за интернет продавници (екомерц, web shop) за продажба на производи и услуги преку интернет. Мисијата на UKION SHOPS е да понуди што е можно поедноставна, ефтина и практична интернет продавница за секоја фирма. UKION SHOPS е флексибилна и лесно надградлива платформа со понуда на голем сет од функционалности и дизајни што овозможува секоја компанија дури и од поголем обeм со леснотија да активира и управува со своја интернет продавница – “клуч на рака”.
Што добивате со UKION SHOPS:
1. Сопствена интернет продавница
2. Интегрирано плаќање со кредитни картички поврзано со ваша сметка во банка.
3. Голем избор на професионални дизајни кои одговараат на вашите желби и вашата фирма.
4. Продукт каталог
5. Можност за повеќејазичност
6. Можност за избор на валута од страна на посетителите
7. Безбедно(SSL) плаќање преку интернет за вашите клиенти и посетители.
8. Бизнис класа – стабилен и сигурен хостинг и бекап за вашата продавница.
9. SEO оптимизација и аналитики
10. Мноштво други функциналности.
Без разлика дали сте почетник или искусен интернет продавач, UKION SHOPS е платформа која ќе ви помогне да успеете.
Проверете ја нашата демонстрација која ќе ве воведе во можностите на пријателскиот и едноставен интерфејс и функционално богата екомерц платформа.
Потоа нарачајте веднаш и зголемете ја неколкукратно вашата продажба и вашите приходи!