Login  |  Следи не на:   RSS feed Facebook Twitter


Унапредување на продажбата со интернет продавница

18 September, 2013 | Објавено во: Интернет продавници | Comments Off 


Унапредувањето на продажбата започнува со вашата понуда. Најчесто користен метод за зголемување на продажбата е доделување на попусти на вашите производи, и истиот комбиниран во соодветен маркетинг микс може значително да ја зголеми и унапреди вашата продажба. Начините на маркетинг промоција помеѓу физичката и онлине продавница се многу слични. Атрактивните изложени производи во некоја продавница ве привлекуваат да ја посетете истата. Или производите поставени до касите во супермаркетите – ви сугериират да купите уште понекој производ. Слична е филозофијата и на онлине продажбата. Атрактивните производи ги истакнувате на насловната страна на продавницата. Исто така можете да понудите сугестивни производи при финализирање на продажбата. Значи, во основа принципите на физичката и онлине продавница се исти, само што со онлине продавницата постојат дополнителни можности за остварување на вашите цели.

Најпрво запрашајте се која е вашата компетитивна предност – што вас или вашите производи ве разликува од вашата конкуренција? Како можете да ја подобрите конкурентската предност? Начините ви се прикажани во продолжение на оваа статија.

1. Препорачани производи, Најдобро-продавани, Нови производи или производи на акција (попуст) на насловна страна.
Препорачаните – атрактивни производите на насловна страна се одлична можност за намалување на вашата стара залиха и исто така на вашите клиенти им посочуваат дека вашата продавница е динамична и редовно ажурирана. Истите може да бидат поврзани со сезоната на продажба, празник или некој значаен настан. Целта е потрошувачите да стекнат постојана навика за посетување на вашата продавница заради вашите препорачани производи или другите предложени производи (нови, најдобро-продавани, на акција-попуст) представени во вашата продавница. Па дури и тоа да се посети од вашата конкуренција, сето тоа оди во прилог на вашата интернет продавница бидејќи со самото зголемување на посетите – се подобрува вашиот ранг (google, yahoo, bing) на интернет пребарувачите – со што добивате дополнителна можност за зголемување на продажбата и преку интернет пребарувачите.

2. Попусти на определни производи – Акција.
Најкористен метод за унапредување на продажба. Сите сакаат да купуваат на попуст, без разлика на процентот на попустот. За купувачот со тоа се зголемува дополнителната вредност на производот – односно истиот производ што го посакувал и претходно и можеби што чинел двојно повеќе сега го има за помалку пари (заштеда при купување). Сепак вредноста на задоволството е двојно поголемо. Со тоа добивате повеќе задоволни купувачи, и добри препораки за вашата продавница. Интернет продавницата ви нуди и визуелно унапредување на продажбата на производите на попуст со што старата цена се пречкртува и се потенцира новата, намалена цена. Оваа метода на унапредување треба да се комбинира со дополнителна промоција на производите на попуст на социјални мрежи и рекламни флаери.

3. Сугестивни производи
Доколку на пример продавате спортска опрема (патики, маички, шорцеви), можете да ги искористите сугестивните производи за дополнително зголемување на продажбата. Ако купувачот нарачал патики – при нарачката може да понудите и маичка и шорцеви кои одговараат на бојата и моделот на патики со што ќе помогнете при финалната одлуката на купувачот и може значително да ја зголемите крајната вредност на нарачката на вашата продавница.

4. Бесплатна испорака доколу нарачате над определен износ
Статиситката покажува дека овај метод успешно ја зголемува продажбата на вашата интернет продавница. Износот со кој се добива бесплатна испорака мора да биде определен соодветно на цената на производите на вашата продавница и истиот има психолошко влијание на купувачот. Доколку продавате производи со ниска маржа, нереално е бесплатната испорака да ја поставувате на високо ниво и обратно. Така на пример доколку еден производ изнесува 700 ден, а бесплатната испорака е поставена на 1000 денари, многу веројатно е купувачот да нарача уште некој производ за да може да ја искористи бесплатната испорака – со што добивате задоволен купувач и зголемување на продажба.

6. Наградни поени при продажба
Со оваа метода покрај зголемување на продажбата ја зголемувате и лојалноста и задоволството на вашите потрошувачи. Определете соодветен број на наградни поени за секој производ кои купувачот ќе може да ги искористи за купување на некој иден производ сосема бесплатно.

7. Купони за попуст.
Можете да ги комбинирате за соодветен производ, за сезона, за определен празник и сл. Истите се наменети за определена група на потрошувачи, лојални на вас или на вашите партнери. Одличен метод да ја зголемите продажбата преку лојалните потрошувачи додека новите (нелојални) купувачи би ги купувале вашите производи по регуларна цена. Истите можете да ги објавите кај вашите партнери (интернет страни или физички продавници), печатени медиуми, социјални мрежи, преку емаил или преку пошта да ги доставите до вашите ценети потрошувачи.

8. Бесплатни – бонус производи и брошури
Доколку соодветен производ недоволно се купува или едноставно имате поквалитетен конкурентен производ на кој му е потребна дополнителна промоција – обидете се со понуда на бонус производи (тестери, бесплатни примероци и слично). Таквите промоции ќе им овозможат на вашите купувачи подобро да се запознаат со вашите посочени производи а со тоа ја зголемувате можноста за продажба и креирате соодветна компетитивна предност.

8. Партнерска (Affiliate) продажба
Како една од поважните функции доколку е поддржана од вашата продавница ви ја посочувам функцијата за партнери, препродавачи и промотери (комерцијалисти) на производи (affiliate). Оваа функција, како единствена понуда, ви дава можност да приклучите неограничен број на препродавачи кои ќе ги промовираат и продаваат вашите производи преку интернет на различни нивни канали за продажба (нивен веб сајт, блог, најразлични банери, линкови, facebook и слично). Со affiliate фукционалноста вие едноставно исплаќате провизија при секоја успешна продажба остварена по електронска препорака од страна на вашите препродавачи.

Секој производ (понуда) има определена цена и вредност. Со методите за унапредување на продажбата предизвикувате цената да се намали и да се зголеми дополнителната вредност за купувачите – задоволството од соодветен призвод. Иако интернет продавницата ви нуди зголемени можности за продажба преку најразлични методи, не заборавајте истите да ги комбинирате мегусебно и/или со традиционалните начини на промоција преку вашата физичка продавница, телефон, печатени медиуми, рекламни постери, брошури, флаери, беџови и сл.

Статијата е објавена во првиот регионален месечен магазин за стока за широка потрошувачка InStore бр.8. Автор на статијата е г-ин Виктор Устијаноски, извршен директор на УКИОН доо кој е долгогодишен познавач на трендовите во интернет трговијата во Македонија и на Балканот.

За комплетно заокружување на целокупниот бенефит на интернет продавницата, прочитајте гo и претходниот текст од УКИОН доо објавени во број 6 и 7 на Инсторе магазин или со клик на следниов линк: интернет трговија и грешки кои треба да ги избегнете.

Денес, интернет продавница во Македонија може да поседувате веќе од 20 евра месечно – во ukion.mk (се вклучено во цената), и доколку го споредите тој трошок со отворање на физичка продавница или со пропуштената можност (опортунитетен трошок) за унапредување на вашиот бизнис секако дека ќе се определите за платено решение.

Не е дозволено било какво копирање, прилагодување, уредување, трансформирање, публикување, објавување, реобјавување дистрибуција, редистрибуција, пренесување или прикажување во јавност на овој текст (во било која форма или медиум) без писмена дозвола од УКИОН доо.

Сподели го постот на:
| |

6 грешки кои треба да ги избегнете како онлине трговец

16 May, 2013 | Објавено во: Интернет продавници | Comments Off 


Голем број бизниси пронаоѓаат финансиска слобода и независност со креирањето на интернет продавница. Во голем број случаи интернет продавницата е проширување на започнатиот бизнис или физичката продавница. Други ја гледаат можноста за започнување на бизнис со мали вложувања и се одлучуваат токму тоа да го реализираат со интернет продавница. Но веќе сте ја активирале онлине продажбата и не забележувате значително зголемување на приходите. Првата повратна врска (fеedback) ви покажува дека интернет продавницата сама по себе не може да ја зголеми продажбата, вие мора да се ангажирате исто толку во нејзината работа и промоција колку што се ангажирате за вашиот тековен бизнис. Интернет продавницата не е хоби. Не е средство за слободно време. Не е средство за зголемување на бизнис статусот. Доколку ја водите интернет продавницата на начин како што го водите вашиот бизнис, нема причина за неуспех. Многу луѓе не успеваат во онлине продажбата бидејќи по креирањето на интернет продавницата комплетно ги запоставуваат основните бизнис постулати.

Со оваа статија би сакал да ви помогнам како да ги избегните најчестите грешки и нереални очекувања што ќе ги имате како нов или иден сопственик на интернет продавница.

1. Извршете промоција на вашата нова интернет продавница. Било да се работи за нов бизнис или продолжување на тековниот, интернет продавницата треба да се промовира а со тоа да ги запознаете вашите нови и постојни потрошувачи за нејзиното постоење. Знаеме дека промоцијата и маркетирањето може значајно да влијаат на вашиот буџет, но затоа пак на располагање ви е социјалната промоција на facebook или twitter, youtube и сл. која е сосема бесплатна. Потребно ви е само малку време, некоја интригантна маркетинг порака или видео и започнете со промоцијата. Дококу вашиот буџет дозволува повеќе, искористете ги и печатените и интернет медиумите за соодветна реклама и запознавање на потрошувачите. Целите на промоцијата во овај случај се пошироки и покрај за запознавање на клиентите, промоцијата треба да креира доверба и навика за идната онлине трговија. За ова прочитате повеќе во некоја од наредните статии.

2. Немате цели и маркетинг стратегија за нивно остварување – Ефикасниот маркетинг не се постигнува случајно. За тоа е потребно поставување на цели и план за нивно остварување и внимателна анализа и следење на работењето. Иницијалната промоција на продавницата треба да продолжи со соодветен маркетинг. Доколку имате физичка продавница – испечатете рекламен материјал (флаери, брошури, рекламни кеси) кој ќе го споделувате со сите ваши купувачи при посета на физичката продавница. Покрај тоа (или доколку поседувате само онлине продавница), може да ги искористите социјалните мрежи (во голем дел бесплатно) со споделување на производите на ваша twitter, facebook страна или споделување на производите до пријателите, кликни like и доби купон за попуст, да креирате наградна игра на социјалните мрежи и сл., да користите платен интернет или печатен маркетинг или да примените друг начин на промовирање на продавницата – на пример да доделувате купони за попуст , 5% (или повеќе-помалку) попуст за секоја прва нарачка преку интернет продавницата, сезонска акција на одредени производи преку интернет продавницата, изненадување за секоја нарачка, купи до 1000 ден. за бесплатна испорака…) За секоја стратегија е потребно време за нејзино остварување и доколку истата не е ефикасна потребно е реформулирање или поставување на нова. Многу е мал бројот на сопственици на мали бизниси кои ги споредуваат резултатите остварени преку интернет продавницата. Самата продавница води определена статистика, вие треба само да ги следите информациите за да сте флексибилни и да примените вистинската стратегија во вистинско време.

3. Посветете значајно внимание во онлине релацијата со потенцијалните купувачи. Бидејќи продавате преку интернет очекувајте прашањата за производите и услугите сега да пристигнуваат и преку интернет. Не ретко се случува купувачите со недели да чекаат одговор на некое прашање за производ поставено преку интернет. Тоа е загуба на потенцијален клиент или продажба. Можеби комуникацијата е електронска но сепак од другата страна стои реален човек на кого треба да му се посвети исто толку внимание како на секој клиент за да може да ја реализирате продажбата. Најдобро е да одвојувате по малку време секој ден отколку да одвоите еден ден во неделата за онлине конверзација со вашите клиенти. Запомнете, започнувањето на интернет бизнис не е начин за брза заработка, и не треба да се гледа на тој начин. Затоа е потребна ефикасна организација на вашето време за да можете да посветите доволно внимание и во секојдневната интеракција со вашите онлине клиенти.

4. Поставување на премногу ниски цени на производите. Интернет продавницата ви овозможува зголемена конкуренција со можност за поставување пониски цени поради пониските трошоци за одржување на продавницата. Но поставување на премногу ниски цени е лош бизнис модел затоа што во исто време не значи и зголемување на продажбата. Имајте во предвид дека конкуренцијата може во секое време да постави пониски цени од вашите а сепак да остварува поголем профит, со што вашиот модел нема да успее. Добар модел за зголемување на продажбата е зголемување на дополнителната вредност на производите. Додадете повеќе внимание и љубезност на купувачите, бесплатна испорака при продажба, додадете поклон на постоечкиот производ, батерии за купената играчка и сл (за ова читајте повеќе во наредната статија). Со прениски цени ќе имате контраефект.

5. Потполни и редовно ажурирани информациите за производите. За ефикасна продажба потребни се детални информации за производите и нивната залиха. Бидејќи производите се прегледуваат на интернет, најчесто целокупната информација и визуелната презентација овозможува остварување на продажба. Дури и да не се нарача онлине, преку визуелната презентација купувачот може да се поттикне да ја посети физичката продавница. Купувачите на интернет најчесто сакаат да прегледуваат повеќе слики од соодветниот производ, да читаат коментари и рејтинг на производите, детален опис, технички спецификации, да споредуваат производи (сите овие опции се ви се достапни со ukion.mk е-продавниците), се разгледуваат комплементарни и сугестивни производи пред конечно да се донесе одлука за купување. Доколку во вашата е-продавница нема доволно информации, иако цената е атрактивна нема да се оствари планираната продажба или истата ќе биде релативно мала.

интернет продавница

6. Сам свој мајстор. Сопствениците на малите бизниси имаат сериозно лоша навика се да изработуваат сами. Ова е невитален дел од малиот бизнис посебно во почетокот на работењето на компанијата кој одзема значаен ресурс – време. Навидум се изгледа лесно и едноставно, додека не заглавите во лавиринт од проблеми за кои ќе ви треба премногу време или стручна помош да ги решите. Времето е многу вреден ресурс во бизнисот и иако за професионалец би платиле одредена сума пари, вас ви останува времето за она што го знаете најдобро, а тоа е развој и проширување на вашиот бизнис без дополнителни дистракции. Денес, интернет продавница во Македонија може да поседувате веќе од 20 евра месечно – во ukion.mk (се вклучено во цената), и доколку го споредите тој трошок со отворање на физичка продавница или со пропуштената можност (опортунитетен трошок) за унапредување на вашиот бизнис секако дека ќе се определите за платено решение.

Статијата е објавена во првиот регионален месечен магазин за стока за широка потрошувачка InStore бр.7. Автор на статијата е г-ин Виктор Устијаноски, извршен директор на УКИОН доо кој е долгогодишен познавач на трендовите во интернет трговијата во Македонија и на Балканот.

Не е дозволено било какво копирање, прилагодување, уредување, трансформирање, публикување, објавување, реобјавување дистрибуција, редистрибуција, пренесување или прикажување во јавност на овој текст (во било која форма или медиум) без писмена дозвола од УКИОН доо.

Сподели го постот на:
| |

Зголемете ја продажбата со affiliate функционалноста на UKION интернет продавниците

13 December, 2012 | Објавено во: Интернет продавници | Comments Off 

UKIONSHOPS е платформа за брзо и лесно поставување на Ваша сопствена интернет продавница која е стабилна и обемна со функции кои се многу важни за подобрување на вашата интернет продажба. Како една од поважните функции ви ја посочуваме функцијата за партнери, препродавачи и промотери (комерцијалисти) на производи (во светот познати како афилијатори (affiliate) ). Оваа функција, како единствена  понуда, ви дава можност да приклучите или да се приклучат колку сакате препродавачи кои ги промовираат и продаваат вашите производи преку интернет на различни нивни канали за продажба (нивен сајт, блог, најразлични банери, линкови и слично). Со affiliate фукционалноста можете исто така да поставите и провизија на продажба која ја зема препродавачот при секоја успешна продажба.

Различни партнери-препродавачи прават различни продажби, некои повеќе, некои помалку и вие ќе можете да ја стимулирате продажбата со сетирање на поединечни провизии за секој од партнерите. Значи се е можно и флексибилно. Исплатата и начинот на исплата преку affiliate функцијата ја одредувате исто така Вие – може да биде преку фактура на месечно ниво, на одредена постигната договорена сума и слично, зависно од договореното со одредниот препродавач.

Препродавачите ги менаџирате преку администраторскиот панел на UKIONSHOPS платформата. Секој кој сака да биде препродавач на Вашите производи може исто така да отвори своја партнерска сметка за продажба на вашите производи. Вие како администратор на системот мора да ги одобрите пријавените препродавачи и да ги направите потребните сетирања за провизија која ќе ја добиваат партнерите. Последователно системот по емаил ќе им ги испрати линковите кои препродавачите ќе ги користат за промоција и продажба на производите. Партнерите во секое време може да ја видат состојбата на продадените производи, а со тоа и процентот што го здобиле како affiliate во Вашата продавница.

Едноставно е - ако биде кликнат линкот од некој производ – промовиран од Ваш препродавач на одредени веб страници, блогови, форуми и слично, води во вашата продавница точно на тој производ. Ако тој што кликнал на линкот го купи тој производ или производи одобрени за тој препродавач, препродавачот зема процент од продажбата, а вие го зголемувате обемот на продажба.

Ако ви треба дополнителни информации околку affiliate функционалноста на UKIONSHOPS Ве молиме слободно поставете прашање на нашиот центар за подршка.

UKIONSHOPS интернет продавница може да закупите со нарачка и плаќање преку интернет со кредитни/дебитни картички или фактура.

Нарачајте веднаш UKIONSHOPS и зголемете ја неколкукратно вашата продажба и вашите приходи!

Сподели го постот на:
| |

Интернет продавници и интернет трговија, предности и трошоци

16 May, 2012 | Објавено во: Интернет продавници | Comments Off 

Веб Продавницa (интернет продавници, виртуелна продавница, е-продавница, е-комерц, web shop, e-commerce) e веб апликација или веб сервис кој Ви овозможува продавање на Вашите производи, услуги или сервиси преку интернет со користење на платежни картички и други сервиси за интернет плаќања. Web Shop (интернет продавница) има неколку предности во однос на традиционалниот начин на продажба и неограничени можности за презентација на производите преку рекламни банери, користење на социјални мрежи и други начини за интернет маркетинг. Неколку предности:

  1. Зголемување на приходите
  2. Намалени трошоци за работа бидејки се избегнуваат реални инвестиции како:
    • изградба/наем, уредување и одржување на продажен простор,
    • инвестиции од техничка природа ( не е потреба инсталација на греење, спроведување на струја, вода, поставување на каси за плаќање и сл…),
    • Намалена потреба за продажен и логистички персонал,
    • Намалени трошоци за набавка, дистрибуција и испорака на производите и услугите
  3. Извонредна, ефикасна и таргетирана промоцијата на производите и услугите користејќи ги неограничените интернет маркетинг можности
  4. Работното време на web продавницата е 24/7 (не е ограничено со време)
  5. Поголем опсег на купувачи – купувачите можат да бидат од било кој дел на Македонија или светот,
  6. Поголема достапност на веб продавницата за купувачите, во однос на физичката локација на продавницата
  7. Дополнителни посети преку интернет пребарувачите на Google, Yahoo, Bing и други со што се зголемува интересот и можноста за купување на одреден производ
  8. Создавање user community – со што се овозможува промоција на нови производи и услуги на редовни потрошувачи
  9. Покрај планираниот производ можност за дополнително купување на сугестивни производи итн.

Бидете иновативни и понапред од конкуренцијата. Искористете ја можноста на интернет трговијата и интернет плаќањата изголемете ги вашите приходи со нашата услуга во новата еБизнис ера во Македонија. Интернет трговијата според сите светски аналитики е едниствена гранка која не подлегнала на глобалната светска криза и очекува пораст во следниве години до 100%. Бидете спремни навреме.

Соодветно на ова УКИОН како компанија специјализирана за оваа област нуди интернет/веб продавници кои можат да ги користат сите фирми и стопанственици. UKION SHOPS интернет продавниците е иновативна, моќна, едноставна за користење и економски достапна “cloud” платформа за интернет продавници (екомерц, web shop) за продажба на производи и услуги преку интернет. Мисијата на UKION SHOPS е да понуди што е можно поедноставна, ефтина и практична веб продавница за секоја фирма. UKION SHOPS е флексибилна и лесно надградлива платформа со понуда на голем сет од функционалности и дизајни што овозможува секоја компанија дури и од поголем обeм со леснотија да активира и управува со своја интернет продавница.

Повеќе за карактеристиките на UKION SHOPS, демо или нарачка овде!

Сподели го постот на:
| |